Живеј квалитетно
Девојките плачат четири пати повеќе од момците
Сте се запрашале ли зошто девојките успеваат да се извлечат од калта во најголем дел од случаите? После вакво прашање вреди да се запрашаме кој е посилен пол или подобро кажано кој знае подобро да убедува? Момците се силни, знаат да предизвикаат страв, но плачот на девојката е доволно невин за да ве разнежни и премисли.
Според истражувањата, мажите заостануваат далеку зад плачливите жени. Во просек една жена плаче од 30 до 64 пати годишно, а мажите од 6 до 17 пати во текот на годината. Постојат повеќе причини зошто жените плачат, плачат и кога ќе им згрешиш и кога ќе згрешат.
Неколку интересни причини:
- мисли дека другите жени се повеќе сакани;
- нејзиниот партнер не е покрај неа во оној момент кога ќе посака;
- подолг период не била на шопинг;
- кога мисли дека е дебела и сè лошо ѝ стои;
- кога има премногу слободно време, па не знае што да прави, а партнерот има неодложни обврски;
- кога ќе ѝ кажете дека не е во право;
- кога се навраќа на минатото и ве обвинува;
- кога се соочува со иднината која претходно ја идеализирала;
- Пред почетокот на менструалниот циклус, жените се чувствуваат разнежени и осамени.
Не е лесно да процените дали навистина таа се кае и се чувствува тажно или само е начин да ве придобие. Момци, после сè размислете и вие како да ги надмудрите.
Додади коментар