Живеј квалитетно

Како полесно да ја контролирате лутината

15 февруари, 00:02

Лутината е човечка емоција со која се соочува секој од нас и не претставува поголем проблем сè додека можеме да ја контролираме.

Доколку често ви се случува да излезете од контрола и да не можете да се справите со лутината, имате проблем кој ви штети вам, но и на луѓето околу вас.

Гневот кој го чувствувате и постојаните ситуации во кои покажувате лутина можат да предизвикаат висок крвен притисок, депресија, срцев удар и ред други здравствени проблеми.

За да избегнете многу непријатни ситуации во кои агресивно ја покажувате лутината, но и да го заштитите вашето здравје, потребно е да посветите време на нештата кои ќе ви помогнат да ја контролирате лутината.

Препознајте ги првите знаци на лутина и гнев
Срцето ви чука забрзано, дишењето е плитко и побрзо, чувствувате грчеви во телото, напнатост во рамената... Тоа се првите знаци на лутината која подоцна не ќе можете да ја контролирате, па доколку ги почувствувате веднаш предупредете се себеси. Избројте до 10, потсетете се дека не смеете да избувнете бидејќи тешко ја контролирате лутината, обидете се да се смирите, вдишете смирено и длабоко и обидете се да ги тргнете мислите од ситуацијата која ве налутила.

Нешта кои ќе го намалат бесот и лутината
Не е доволно само да се изброи до 10 секогаш кога ќе почувствувате гнев и лутина. Потребно е да работите на квалитетот на својот живот, за да се ослободите од постојаните напади на лутина и избувливост.

Што може да ви помогне?
Физичка активност, трчање, пешачење, медитации, јога, секојдневни вежби... сето тоа ментално ќе ве смири, ќе го намали стресот, а со тоа и лутината и гневот поретко ќе ве обземаат.

Контактите со позитивни луѓе, разговор со пријателите за нештата кои ве прават гневни и согледување на вашата ситуација од друг агол може навистина да ви помогнат да согледате дека често реагирате без причина и непотребно манифестирате лутина.

Најдете некоја креативна активност која ќе ве опушта и ќе ви помогне да го намалите стресот.

Животот е премногу краток за да го живеете налутени и гневни.

Контролирајте ја лутината за да ја видите другата страна на животот, онаа позитивната, смирената, каде нештата се решаваат со љубов и разбирање.

Верувајте, многу повеќе ќе ви се допадне.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2132 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 април

16 април

Во 1889 година е роден Чарли Чаплин, јунакот на немите филмови, режисер, комичар и композитор.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус