Живеј квалитетно

Лоши навики поради кои може да ја изгубите работата

05 август, 09:42

Лошите навики се особини на секој човек. Сите ние помалку или повеќе поседуваме лоши навики, но прашање е колку сме свесни за тоа. Овие навики не значат дека сте лоша личност, но сигурно нема да ви помогнат да напредувате на работното место, а со тек на време може да придонесат и да ја изгубите работата. 

Доколку кај себе ги препознаете овие лоши навики, време е нешто да промените во вашето однесување. 

Одлагање на работните обврски 

Одлагање на проектите и завршување на работните задачи во последен момент е особина која укажува на несериозност. Ваквиот начин на однесување е недозволив на работното место, особено ако вашите работни задачи се поврзани со задачите на колегите, па мора постојано да чекаат за да добијат информации од вас. 

Негативност 

Постојаните поплаки и незадоволство на работното место, честото нерасположение и недостаток на позитивен дух и ведрина се одлики на негативна личност. Работата со други луѓе никогаш не е лесна, но не смеете да дозволите постојано да се жалите и да бидете незадоволни.  Доколку имате некој проблем, отворено разговарајте со вашиот претпоставен, но заземете позитивен став и покажете готовност да ги надминете проблемите. 

Доцнење  

Никако да стигнете на време на работа, доцна се враќате од пауза – ваквото ваше однесување не само што посочува на безгрижност и неодговорност, туку и на непочитување кон колегите кои се трудат да стигнат на време. 

Лоша комуникација по меил 

Доцнењето со одговор на пораките е уште еден начин да покажете непочитување кон колегите и клиентите. Лошата навика да ја одлагате комуникацијата по меил е крајно непрофесионална и може да ве доведе до непријатни ситуации, а лесно може и да заборавите некоја важна порака, па да пропуштите важен состанок или да го пробиете рокот. 

Зависност од социјалните мрежи 

Тврдењето дека фејсбук не ви одзема време и не ѝ штети на вашата работа е чиста лага. Социјалните мрежи се забава, а добро е познато дека забавата и работата не одат заедно. Ако вашата работа не е тесно поврзана со социјалните мрежи, тогаш секое приклучување во текот на работниот ден е навистина несериозно и неодговорно од ваша страна.  

Тврдоглавост 

Навиката секогаш да правите по свое е уште една лоша особина за која нема место во работните односи. Убаво е да го кажете вашето мислење, но мора да бидете тимски играч. Тимскиот играч им помага на колегите, не си ги припишува туѓите заслуги и во интерес на работата несебично извршува задолженија кои не мора да ги сработи. Себичноста и тврдоглавоста само ќе ви наштетат, па кога ќе се најдете во ситуација во која ќе ви треба помош од колегите, никој нема да ве поддржи. 

Ослободете се од лошите навики, работете на себе и на своето однесување, а резултатите  ќе бидат и повеќе од позитивни - пријатна, пријателска атмосфера на работното место, работен дух и чувство на исполнетост и корисност.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3805 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус