Живеј квалитетно

Смеат ли родителите да ги лажат своите деца?

21 јуни, 01:14

Дел од родителите сакајќи да го поштедат своето дете од непотребните проблеми, се обидуваат вистинската состојба да ја сокријат. Но, дали е во ред да измислуваат лаги за да ја сокријат реалноста?

Лагите, кога еднаш ќе почнете да ги користите нема да биде лесно да ги запрете.

Психологот Пеги Дрекслер за „Hafington Post” зборува за дозволените лаги со цел да им помогне на родителите.

Според студија објавена во списанието „International Journal of Psychology”, 84 % од родителите ги лажат своите деца за да бидат мирни, притоа она што го ветуваат не го исполнуваат. Таков е и примерот со лагата дека ќе го оставите вашето дете в продавница само, доколку не сака да излезе од продавница или дека ќе го оставите во темница. Всушност, родителите ја користат лагата во многу случаи.

Иако во моментот лагата ќе ја олесни состојбата, нејзиното неостварување во иднина ќе предизвика влошување на односите помеѓу родителот и детето. И не само тоа, замислете си кога тоа ќе порасне, како ќе разговара отворено со вас за посериозни теми и проблеми од неговиот живот? Постојаното заплашување со лаги кај децата предизвикува страв, што ќе биде пречка за развој на квалитетен однос родител-дете.

Според психологот Пеги Дрекслер, од децата добро е да се сокријат некои факти кои ќе ги повредат, бидејќи тие се невини суштества кои сѐ уште се немаат соочено со проблемите во животот. Затоа обидете се потресните ситуации да ги одбегнувате, за вистината има време.

Децата лесно можат да почувствуваат дека нивните родители имаат некаков проблем, па поради љубопитноста често ќе ве препрашуваат. Разговорот кон децата треба да биде смирен и со голема надеж дека во иднина сѐ ќе биде подобро, во спротивно може да предизвика проблеми во нивното однесување.

Кога децата ќе потпораснат и ќе бидат способни да ги прифатат нештата, тогаш кажете им ја вистината, но помогнете им полесно да ја прифатат.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 2285 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус