Живеј квалитетно

Трансцендентална Медитација – најдобриот подарок кој може да си подарите себеси

21 април, 00:18

Трансцендентална Медитација - звучи нејасно, ви отвора многу прашања, можеби и страв од непознатото, едноставно мислите дека такво нешто не ви е потребно во животот.

И јас се чувствував исто кога пред извесен период ми се укажа можност да ја научам техниката на ТМ. Дури и не верував дека ќе научам да медитирам, мислејќи дека за медитација е потребно којзнае што, многу концентрација, напор...


Денес можам да речам дека е лесно, не бара напор, не бара откажување од вашата религија, од вашите ставови и идеали, не бара промена на животниот стил...

Сè што треба да направите е секојдневно да издвоите 40 минути од вашето време и да медитирате.

Како техника постои од многу одамна и голем дел од славните и успешни луѓе ја практикуваат веќе долги години. Опра, Дејвид Линч, Пол МекКартни, Хју Џекман, Ева Мендез, Мартина Навратилова...

Листата на практиканти е многу долга и сите тие имаат исто мислење за ТМ – им го променила животот на подобро.

Доколку чувствувате дека е време да направите нов чекор во животот, добро размислете за можноста да се обидете со Трансцендентална Медитација. На оваа техника гледајте како на најдобриот подарок кој може да си подарите себеси, подарок кој ќе ви остане за цел живот и ќе ве направи подобри луѓе во секој поглед.

Добро информирајте се за техниката (на интернет има цели студии и сајтови посветени токму на ТМ),  размислете, но не ја отфрлајте веднаш можноста да станете практикант на оваа неверојатна техника.

Ве интересира за што може да ви помогне дневното практикување на ТМ? Дознајте повеќе за техниката и придобивките од истата.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2694 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус