Живеј квалитетно

Зошто е важно рано да се легнува?

04 ноември, 00:09

Квалитетниот и здрав сон води до здрав и среќен живот.

Секогаш кога ќе бидеме убаво и доволно наспани свесни сме дека имаме повеќе енергија и сила да им се спротивставиме на секојдневните предизвици.
Но дали знаеме кога треба да легнеме да спиеме со цел да имаме квалитетен сон?

Одењето на спиење пред и после полноќ воопшто не е исто.
Следејќи го биолошкиот циклус кој природата го втемелила во секој од нас секогаш треба да се оди на спиење час до час и половина пред полноќ. Зошто?
Затоа што легнувањето пред полноќ има многубројни здравствени придобивки и покрај тоа што ќе се добие квалитетен и здрав сон, наредниот ден подолго време ќе бидеме изложени на сончева светлина, што секако е само уште еден плус кога станува збор за здравјето, кое секако е најважно.

Ако сте од оние луѓе кои знаат многу често да „заглават” до доцните вечерни и рани утрински часови ви препорачувам внимателно да ја прочитате статијата и самите да процените дали во иднина треба да го промените досегашниот начин на живот со цел да бидете многу поздрави, полни со енергија, порасположени, повитални и покорисни не само за вас самите, туку и за вашите најблиски.

Сетете се само на вашите баби и дедовци, на нивните многубројни здрави навики меѓу кои секако е и раното легнување и запрашајте се самите, или уште подобро прашајте ги нив зошто водат таков начин на живот, зошто се навикнати рано да легнуваат?

Овие се седумте најважни причини кои би требало да ви покажат, да ви докажат и да ве натераат дека треба да одите на спиење пред полноќ.

енергија
Уште со самото разбудување ќе се чувствувате дека сте полни со енергија, ќе имате чувство дека можете сѐ да направите во еден миг.
Кога ќе бидете доволно и квалитетно наспани нема да го поминете денот во постојано прозевање, или со постојано чувство на умор.

убавина
Веќе докажано е дека добриот и квалитетен сон е верен пријател на убавата и младешка кожа. Ако одите на спиење навреме и спиете доволен број часови, тогаш брчките ќе станат ваше минато, а кожата ќе ви биде еластична и свежа.

контрола на времето
Ако одите на спиење рано тогаш и рано ќе се пробудите на утро.
Понекогаш се случува денот да ни е прекраток за извршување на секојдневните активности, па ако станеме порано на утро ќе имаме време за сѐ.

добро расположение
Оние кои се навикнати навреме да одат во кревет скоро секогаш стануваат со убаво расположение наутро. Причина за тоа е квалитетниот сон.
На почетокот можеби нема да ви биде лесно да ја стекнете оваа здрава навика, но верувајте кога ќе ви стане секојдневие, најмногу од сѐ ќе ги сакате утрата.

контрола на телесната тежина
Личностите кои подолго време вежбаат и внимаваат на храната а сѐ уште немаат резултати во намалување на телесната тежина, треба рано да легнуваат бидејќи токму сонот, квалитетниот сон е особено важен во борбата за справување со вишокот килограми.

бавно стареење
Недоволниот и не квалитетен сон предизвикува појава на темни подочници и брчки околу очите, а со самото тоа кожата на лицето изгледа изнемоштена и стара. Ако внимавате кога легнувате и колку часови спиете, не само што ќе изгледате неколку години помлади, туку и ќе си го продолжите вашиот живот.

спречување на болести
Раното одење на спиење може да спречи појава на дебелеење, висок крвен притисок, главоболка, исцрпеност, недостаток на концентрација и многу други несакани болести и непријатни состојби.


Толку многу е едноставно бидејќи сѐ што треба да направите е навреме да легнете, а другото оставете го на сонот.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 3516 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус