Живот ...

10 ноември, 07:04

Додека се обидуваме да ги достигнеме, да ги фатиме и да ги поседуваме големите нешта во животот, не забележувајќи ги пропуштаме сите оние мали нешта, кои за разлика од нив, се многу позначајни и повредни.

Трчајќи и мечтаејќи по нешто што е далечно и недостижно, животот си врви покрај нас заедно со сите мали и ситни детали од кои е составен.

Не сме свесни што сѐ пропуштаме и на што сѐ не му придаваме важност и значење. 


Мала и искрена насмевка од и кон наш близок, убаво кажан збор, срце кое зрачи со љубов и топлина, вистинско пријателство, топла прегратка, помош на оние на кои тоа им треба, внимателно сослушување на некого, пријатен разговор и уште многу други вакви мали нешта кои предизвикуваат големи работи, се само дел од нештата кои ги пропуштаме во трката по пари, богатство и слава.


На момент треба да застанеме и да се запрашаме што е поважно во животот и кои работи се приоритетни доколку сакаме да имаме исполнет и среќен живот и да постигнеме духовен мир.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 2912 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус