Животен стил

6 стратегии како до квалитетен сон

25 јуни, 09:05

Сте се разбудиле ли изморени и ненаспани?

Бројката на лажно преспиени ноќи сè повеќе се зголемува со минувањето на годините. Обврските, проблемите и притисокот од општеството се причинители на овие непријатни ситуации.

Ова се 6 стратегии кои ќе ви помогнат да имате квалитетен сон:

 

 

1. Направете распоред за спиење и држете се до него

Оваа е една од најдобрите стратегии како да се реши овој проблем. Придржувајте се до правилото секогаш да си легнувате во исто време, како и да станувате во исто време. Доколку не можете да издржите да не легнете порано или да станете подоцна практикувајте да го запазите времето на легнување и станување, а во текот на денот одвојте време за преспивање.

2. Користете го биолошкиот будилник

Можеби сте слушнале за хормонот мелатонин кој се лачи во поголеми количини штом падне мрак, за да го успие човечкото тело, а штом се појави природната светлина лачењето се намалува и го поттикнува човечкото тело да се разбуди. Науката укажува на причината за тешко заспивање. Овој проблем го имаат пред сè оние лица кои минуваат повеќе часови под вештачка светлина, пред компјутер или телевизор. Мелатинот добива погрешни сигнали и не го зголемува лачењето на хормонот.

За лицата кои патат од несоница, се препорачува наутро да поминуваат повеќе време гледајќи ја светлината без било какви помагала, како и да поминуваат повеќе време во двор на отворено.

Ако морате да останете во канцеларија или во било која затворена просторија потрудете се што повеќе светлина да влегува внатре и не ја одбегнувајте.

3. Спијте во релаксирачка атмосфера

Исклучете ги телевизорот, компјутерот и секоја опрема која создава бучава. Доколку во вашата соба има повеќе уреди кои зрачат добро е да ги исклучите, а вашите телефони чувајте ги подалеку од вас. За вистински одмор може да пуштите тивка амбиентална музика која ќе ви помогне да потонете во длабок сон.

4. Внимавајте на вечерата и правете вежби пред легнување

Знаејќи го распоредот за спиење нема да ви претставува проблем да испланирате кога ќе вечерате, но обрнете внимание и на количината. Колку помалку храна за варење, толку подобар сон. Алкохолот, кафето, преголемото количество на течности и цигарите строго се забранете да се конзумираат пред легнување. Одредете неколку вежби и правете ги секоја вечер. Посебно се препорачуваат јога вежбите.

5. Ослободете се од стресот

Периодот на спиење е моментот кога можете да се одморите од сè што се случува наоколу. Не размислувајте на обврските и проблемите, замислете си убава природа или слика која искажува смиреност, дишете длабоко и лесно поклопете ги очите.

6. Се разбудивте во текот на ноќта?! Како да продолжите со спиење?

За оние кои скоро секогаш имаат добар сон, нема ни да се сеќаваат дека се разбудиле. За другите најдоборо е во тој момент да продолжите да лежите во истата позиција, бидете опуштени, почнете да размислувате за некои идеи и полека ќе потонете во сон.

Не дозволувајте лошо преспиените ноќи да траат предолго, бидејќи во тој период мозокот е ослободен од обврските, поради што почнува да ги заздравува раните во организмот, да се бори со надворешни тела. Токму затоа луѓето со квалитетен сон се поздрави и поенергични.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4711 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус