Животен стил

8 нешта кои успешните луѓе ги прават пред пладне

31 март, 07:51

Клучот на успехот лежи во дисциплината, посветеноста и работата со љубов.

Без разлика на професијата, убаво е чувството кога знаете дека успешно сте ја завршиле работата и дека сте дале сè од себе.

Што сè прават успешните луѓе пред пладне?

Проверете дали спаѓате во оваа група, а доколку не се пронајдете себеси, потрудете се да зачекорите по стапките на успешните.

To-do листа
Успешните луѓе секогаш прават план за работа за наредниот ден. Таканаречената to-do листа е многу корисна и ви помага да ги испланирате активностите, а и да не заборавите некоја важна работна обврска.
Листата може да се направи и тековниот ден, но само ќе ви одземе време и концентрација која ви е потребна за успешно да ги завршите обврските.

Будење со првите звуци на алармот
Голем дел од нас имаат навика да го одлагаат станувањето од кревет. Алармот ѕвони, ние го местиме да заѕвони повторно по 5 минути, па повторно, и така сè додека имаме време.
Одлагањето и заспивањето меѓу алармите ни црпи енергија, затоа станувањето рано наутро уште со првото ѕвонење на алармот е многу корисно. Ќе имаме доволно време да се подготвиме, а утринската свежина ќе нè прати цел ден.

Утрински вежби
Неколку утрински вежби кои одземаат само 5 минути се одличен почеток за продуктивен и успешен ден.

Утрински ритуали
Секој човек може да има различни утрински ритуали кои всушност се мал дел од утрото кој си го посветуваме само на себе.
Кратко сурфање на интернет, весник, шолја кафе или чај, сè она што ни претставува задоволство може да биде наш утрински ритуал.

Појадок
Успешните луѓе никогаш не го пропуштат појадокот кој обезбедува доволно енергија за тековниот ден.

Навреме на работа
Пристигнувањето на работа навреме, па дури и десетина минути порано, кажува многу нешта за вас како работник.

Најтешката задача – прва на листата
Човековиот ум е најпродуктивен наутро, затоа успешните луѓе се зафаќаат за најтешките работни задачи токму во овој период од денот. Сè што бара помала концентрација може да се сработи и попладне.

Постојана проверка на пораки – строго забранета
Навременото одговарање на пораките од колегите и клиентите е многу важно, но ако на секои 5 минути проверувате пошта, губите концентрација и ефикасност. Направете план и одговарајте на пораки на секој час, а времето меѓу проверките на поштата искористете го за успешно завршување на работните обврски.

Кратка заслужена пауза
Кога добар дел од утрото сте го посветиле на работата, заслужувате кратка утринска пауза која ќе ве наполни со енергија за останатите дневни задачи.

Со малку труд и дисциплина, секој може да биде успешен, а со тоа и исполнет и задоволен.

Зачекорете храбро и имајте убав и успешен работен ден.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2879 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус