Животен стил

Дали сте во деструктивна врска?

27 мај, 07:52

Секоја љубовна врска има свои подеми и падови, но сè додека постои разбирање и љубов, проблемите може да се надминат.

Сепак, понекогаш ни љубовта не е доволна за врската да успее. Честопати одредени ситуации укажуваат дека врската е деструктивна, но партнерите не ги препознаваат или ги игнорираат овие ситуации.

Деструктивната врска може да ве уништи, да ви ја намали самодовербата и да ве направи навистина несреќни.

Дури и ако сте во врска долго време, не игнорирајте ги знаците кои ве предупредуваат дека вашата врска е деструктивна. Обидете се да ги подобрите лошите страни на врската, но доколку не ви успева, добро размислете за знаците кои предупредуваат на деструктивна врска и храбро излезете од неа навреме, пред да си нанесете штета себеси и на партнерот.

Непријателство
Доколку чувството на непријателство често лебди помеѓу вас и партнерот, тоа е еден од знаците дека вашата врска е деструктивна. Врската треба да буди чувство на уживање, а не на ужас!

Чести кавги
Дали често се расправате? Дали се навредувате и карате и постојано имате замерки за однесувањето на партнерот? Дали се навраќате на минатото и често му префрлате на партнерот за некои минати постапки или пак тој ви префрла вам? Добрата врска значи смирено да разговарате и да ги решавате проблемите. Доколку расправиите постојано се присутни, вашата врска навистина е деструктивна.

Критикување
Доколку не можете да го прифатите вашиот партнер онаков каков што е и постојано го критикувате или пак критиките доаѓаат од негова страна, размислете каква иднина ви претстои? Како минуваат годините, критиките ќе се зголемуваат и сè повеќе ќе тонете во лоша врска која ќе ви донесе само несреќа.

Бегање од проблемите
Партнерите кои ги игнорираат и избегнуваат проблемите, а потоа ги решаваат со расправии, не можат долго да функционираат заедно. Дури и да останат заедно, нема да бидат исполнети и среќни.  

Не сте свои
Доколку морате постојано да го менувате мислењето само за да му угодите на партнерот и да избегнете расправија, запрашајте се зошто сте во врска со личност која не ве прифаќа такви какви што сте? Никогаш и за никого не дозволувајте да се откажете од вашето мислење и вашите ставови. Бидете свои, правете ги нештата кои ве усреќуваат и грижете се за партнерот. Ако тоа не му е доволно и мора да го криете вашето вистинско лице, зошто ви е таква деструктивна врска?

Никогаш не е едноставно да се прекине врска, особено ако траела подолго време или пак била крунисана со брак.
Сепак, животот е еден и секој заслужува да го проживее најдобро што може, да биде почитуван и сакан, да сака и почитува и да живее како достоинствено човечко суштество.

Да се излезе од деструктивна врска не значи дека не сте успеале во животот, напротив, тоа е знак дека сте храбри и дека сакате да имате достоинствен живот.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3836 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус