Животен стил

Дали вреди да ја зачувате врската

03 април, 09:56

Секоја врска има свои подеми и падови, моменти на среќа, но и моменти кога не е сè така розово.

Доколку не знаете дали вреди да се потрудите и да ги средите односите со партнерот, анализирајте ја вашата врска.

Одредени знаци ќе ви покажат дали врската вреди да се зачува.

 

Доверба и почитување
Довербата, почитувањето, посветеноста и искреноста се носечките столбови на секоја врска. Доколку вашата врска веќе ги има овие столбови, тоа е добар знак дека треба да поработите на односот со партнерот и да ја зачувате врската.

Комуникација
Секоја добра врска се темели и на добра комуникација. Доколку вашиот партнер со денови не ви одговара на пораките и повиците, а тоа се случува често, доколку немате добра комуникација, тогаш можеби е време да размислите за прекинување. Но, не очекувајте од партнерот постојано да ве бара и да ви пишува пораки. Некои луѓе едноставно не сакаат постојано да зборуваат по телефон. Добро размислете дали комуникацијата ви е лоша, или пак вие претерувате.

Добра забава
Кога последен пат навистина добро сте се забавувале заедно? Дали уживате во миговите кои ги поминувате заедно или тие убави моменти се толку ретки, што сте заборавиле кога последен пат заедно сте уживале? Се разбира дека ќе има и денови кога нема убаво да си поминете, но доколку лошите моменти се далеку побројни од добрите, запрашајте се дали вреди да останете во врска.

Љубов
Дали навистина сте вљубени, или она што на почетокот изгледало како љубов полека се претвора во навика? Ова често се случува кај долгите врски кои не се темелат на вистинска љубов, па со тек на време сè станува некаква навика. Отворено и искрено запрашајте се себеси колку е силна вашата љубов. Доколку навистина сте вљубени, вреди да се потрудите за вашата врска, особено ако знаете дека вашиот партнер искрено ве сака.

Како ги решавате проблемите
Размислете за проблемите кои ги имате во врската. Дали се реални или малку ги преувеличувате работите? Дали вашиот партнер се труди да најде решение на проблемите? Ако одговорот е да, тогаш тоа е уште еден знак дека врската вреди да се зачува.

Заедно до крајот на животот
Можете ли да се замислите себеси покрај својот партнер до крајот на животот? Ако се гледате себеси како стареете покрај него, тогаш тоа е дефинитивно знак дека за вашата врска вреди да се потрудите.

Добро размислете пред да донесете одлука. Ниедна врска не е без проблеми, затоа не се откажувајте така лесно и не носете избрзани одлуки за кои подоцна можеби ќе жалите.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4387 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус