Животен стил

Посветено на сите жени

08 март, 08:15

„Јас не сум птица и ниедно гнездо не може да ме зароби. Јас сум слободно човечко суштество со независна волја”.

-Шарлот Бронте-

Ако животот некогаш те ставил на колена, или сè уште те држи долу, со наведната глава, ако не веруваш во себе и никој одамна не ти кажал убав збор, исправи се токму сега, насмевни се и храбро зачекори по својот пат.

Ти си посебна, единствена, ти си создадена да бидеш сакана, но пред да побараш љубов од другите, научи самата себеси да се сакаш. Ти си жена, а ако не знаеш колку е тоа вредно, потсети се, научи, запамети...

Твоето постоење треба да ги подобрува нештата околу тебе. Твојата енергија треба да ги инспирира другите да се борат за својот личен раст. Твојот живот треба да има цел, бидејќи ти самата по себе си целосен циклус. Во тебе лежи моќта за создавање, негување и трансформација.

Една стара кинеска изрека вели: „Жените се тие кои држат половина од небото над главите на сите нас”.
Ти имаш доволно сила, љубов, моќ и надеж за да го промениш на подобро овој свет. Во минатото долго време те замолчуваа, но откако некои храбри жени низ историјата се изборија за твоите права, денес ти имаш глас и не дозволувај никој да те замолчи и да те попречи да се бориш за себе.

Создадена си да бидеш нечиј партнер, а не роб, и никој, никој на овој свет нема право да згазне на твоето достоинство.

Погрижи се да прераснеш во личност за која другите ќе кажат дека е паметна, силна, способна и полна со сочувство, бидејќи убавината е минлива, но твојата внатрешна нежност и убавина никогаш не бледнее.

Најди сила во бурите кои ти ги носи животот, бидејќи ти го можеш тоа, најди радост во малите нешта и убавина во сè што те опкружува, и никогаш, никогаш повеќе немој да ја наведнеш главата бидејќи сега знаеш колку многу вредиш и колку си силна.

Ти си душата на љубовта, нежноста и грижата, отсекогаш си била и ќе бидеш. Ти си ЖЕНА.

heartПосветено на сите жени, со љубов и почит

 


Текстот подлежи на авторски права


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2741 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус