Животен стил

Со добри навики во борба против стресот

03 мај, 09:35

Сите ние секојдневно се соочуваме со стресни ситуации кои негативно се одразуваат на нашето физичко и ментално здравје.

Брзиот начин на живот, секојдневните обврски и проблеми се само дел од причините кои предизвикуваат стрес.

Одредена ситуација за некого може да биде сосема нормална, а за друг да предизвика вистински стрес.

 

Неколку едноставни навики можат многу да ви помогнат во намалување на стресот и согледување на проблемите од друг агол.

Разговарајте со најблиските
Најдобриот лек за ослободување од стресот е разговорот со вашите најблиски. Поддршката која ви ја даваат, добронамерните советите и самото сознание дека не сте сами, дека некој ве разбира и сака да ви помогне, навистина можат да го намалат стресот и да ви помогнат да го надминете.

Намалете го темпото
Колку и да сте преоптеретени со обврски, мора да најдете начин да го намалите брзото темпо со кое живеете. Направете план според кој ќе ги завршите тековните обврски, но задолжително вклучете и време за одмор и релаксација.

Смејте се
Смеењето е здравје, не заборавајте го тоа. Колку и да сте изморени, под стрес или нерасположени, сигурно имате причини да се насмеете. Дружете се со луѓе кои од срце ќе ве насмеат, погледнете некоја добра комедија, смејте се на глас и дозволете вашата смеа да го победи стресот.

Најдете време за себе
Одвојте малку време за она што ве опушта и ве прави среќни. Прочитајте добра книга, одете на кафе со пријателите, шетајте се, ... Едноставно најдете време кое ќе го посветите само на себе, заборавете на кратко на проблемите и уживајте во нештата кои ви причинуваат задоволство.

Не грижете се премногу
Залудно размислувате и се грижите дали ќе успеете сè да завршите навреме. Грижите нема да ви помогнат, само ќе ви ја намалат енергијата и ќе ве онерасположат.
Она што не сте го средиле денес, ќе го завршите утре. Светот нема да пропадне ако денес не сте ја исчистиле кујната или не сте го искосиле тревникот. Ќе го направите тоа утре и сè ќе биде во ред.

Помагајте
Помагањето на другите ви помага и вам. Најдете време за другите, помагајте секогаш кога можете, па несвесно ќе си помогнете и себеси, ќе се чувствувате убаво и корисно, а позитивните чувства се најдобрите борци против стресот.

Не дозволувајте стресот да стане ваше секојдневие.

Стекнете навики кои ќе ви помогнат да го надминете и храбро спротивставете се на сите ситуации кои имаат негативно влијание врз вас.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2605 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НАЈПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

© 2019 MOJ PORTAL  All Rights Reserved.   изработено од Асидус