Животен стил

Што кажува нередот за вас?

20 јули, 06:00

Кога зборуваме за неред тука би ги опфатиле и поимите неуредност и хаос. Некогаш поради добри причини, а некогаш поради мрзеливост нередот е присутен насекаде каде одите. Како гледаат другите на вас? 

Имате преполн подрум?

Подрумот во кој ќе најдете предмети уште од вашето детство говори дека сте сентиментална личност која се поврзува за работите. Затоа наместо да ги исфрлите старите предмети, вие имате навика да ги фрлите во подрумот и да останат засекогаш таму. Овој тип на личности се плашат да ги исфрлат старите парчиња облека, старите слики, играчките, плашејќи се заедно со нив да не ги исфрлат и своите спомени. 

Имате преполн плакар?

Креативните личности знаат максимално да го искористат плакарот, за на крај да не можат ништо да пронајдат внатре. За вас најважно е просторот околу вас да е среден и да нема потреба постојано да се чисти и уредува. Плакарот е прекрасен за креативците, нема да погледнат како е уреден сè додека не им дојде и тој преку глава. Иако тоа им дава простор и време да размислуваат повеќе, важно е да се воведе ред и во плакарот. Потсвесно ќе ве измачува тешкотијата за наоѓање на предметите кои сте ги складирале.

Имате преполна работна маса во кујната?

Ова е карактеристика на грижливите и претпазливи личности. Најчесто вие сте опседнати со потребите и здравјето на семејството, за вас кујната е срцето на домот. На вашата работна маса мора да има по неколку теглички резерви на храна и зачини. Внимавајте, овој неред еден ден ќе почне да предизвикува стрес и кај вас и кај семејството, па ќе мора да најдете соодветно решение.

Имате куп книги и списанија на масичката до креветот?

Тоа се љубопитни и паметни личности! За вас читањето до доцна е основа за квалитетен сон, како и можност да научите повеќе нови работи. Но, зошто да бидат повеќе книги кога за една вечер доволна е една книга? 

После позитивните мислења за нередот, сигурно нема да го средите уште долго.

 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3009 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус