Животен стил

Уживајте на вашата тераса!

30 април, 10:32

Пред да започнат жешките летни денови, време е да му посветите поголемо внимание на вашата тераса.
Уредете ја по ваш вкус, бидејќи во наредниот период најголем дел од денот ќе врвите токму на неа.

Во зависност од големината и страната на која се наоѓа, терасата е место каде со задоволство сами или со некој ваш близок се пие првото утринско кафе, и се читаат првите вести од дневниот печат.

Високите летни температури на секој од нас повеќе или помалку ни сметаат, па затоа за сите оние кои живееме во згради, терасата е нашиот т.н. двор во кој се разладуваме и уживаме.
Со душа чекаме да дојдат пријатните попладневни часови кога сонцето почнува да заоѓа за да излеземе на воздух на тераса. 

Некогаш кога температурите знаат да го достигнат и 40 - от степен, терасата е токму таа која во вечерните часови се претвора во спална соба.

За да можете да уживате во погледот од вашата тераса најдобро е терасата да ја заштитите од сончевите зраци кои се многу штетни.

Во зависност од големината и димензиите можете да поставите чадор за сонце, или некое платно кое можете да го поставите со штипки на жицата за алишта. На ваков начин ќе добиете сенка и ќе бидете заштитени од штетното зрачење.
Ист ваков ефект на заштита може да се постигне и со поставување на завеси направени од трска кои можат да се постават над металната заштитна преграда од терасата.

Доколку терасата е затворена и е преградена со прозорци, можете да поставите вентилатор кој до некаде ќе ви помогне да се разладите.

Откако ќе го решите проблемот со заштита од сонцето тогаш можете да почнете со нејзиното внатрешно уредување.

Не треба многу време и енергија да трошите за одбирање на бои. Слободно препуштете им се на желбите и фантазијата и уредете ја терасата со најразлични бои. На неа сѐ е дозволено и не мора да внимавате при на изборот на бои и форми.

Поставете удобни столови и масичка, или клупа по должина на целата тераса на која ќе поставите перничиња во разни бои.
Заедничкиот фамилијарен ручек можете да го јадете токму на вашата тераса, исто и гостите и пријателите можете да ги пречекате на тераса. Ако се пушачи нема да го загадуваат домот и плус ќе бидете на чист воздух.

Ако просторот е премал и не дозволува да ставате столови и масичка, под прозорецот поставете поголема рамна мермерна или дрвена површина на која ќе можете да го оставите филџанот со кафе и вашата омилена книга.

И секако не заборавајте да ставите неколку саксии со природно цвеќе. Тие се украс на секоја тераса и го надополнуваат уживањето како да се во природа.

Погледнете некои од нашите идеи за уредување на терасата и почнете веднаш со реализација!

uzivajte na vasata terasa, terasa, Уживајте на вашата тераса, тераса

uzivajte na vasata terasa, terasa, Уживајте на вашата тераса, тераса

uzivajte na vasata terasa, terasa, Уживајте на вашата тераса, тераса

uzivajte na vasata terasa, terasa, Уживајте на вашата тераса, тераса

uzivajte na vasata terasa, terasa, Уживајте на вашата тераса, тераса

uzivajte na vasata terasa, terasa, Уживајте на вашата тераса, тераса

uzivajte na vasata terasa, terasa, Уживајте на вашата тераса, тераса

uzivajte na vasata terasa, terasa, Уживајте на вашата тераса, тераса

uzivajte na vasata terasa, terasa, Уживајте на вашата тераса, тераса


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 11954 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

24 април

24 април

Во 1942 година е родена Барбара Стрејсенд, една од најголемите музички ѕвезди, пејачка, текстописец, актерка, писателка, филмски продуцент и режисер.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус