Животен стил, Фенг шуи

Значењето на боите во домот

24 август, 16:17

Кога одлучувате каква боја да бидат предметите во вашиот дом, за да си го олесните изборот водете се според теоријата за петте елементи.

Бела боја - ја симболизира цврстината, а се препорачува поради фактот што ги истакнува другите предмети и бои во просторот.

Црна боја - создава импресивна атмосфера, но може да предизвика и депресивност.

Сива - боја на компромис и рамнотежа, која создава формална атмосфера.

Сина боја - го намалува стресот и напнатоста. Симболизира самоувереност и трајност.

Виолетова - боја која се поврзува со интроспекцијата, медитацијата и чесноста.

Црвена - силна, поттикнувачка боја, која може да предизвика раздразливост и хиперактивност, ако ѝ се отстапи голем простор.

Портокалова - симбол на здравје, виталност, ентузијазам и оптимизам.

Розева боја - делува смирувачки, а кај припадничките на понежниот пол ќе ја поттикне нивната женственост. Ја зголемува романтиката и детската разиграност.

Жолта - симбол на сончевата енергија, се поврзува со интелектот, долговечноста и доброто расположение. Добра е за стимулирање на комуникациите, менталната енергија и бистрината на мислите.

Зелена боја - го поттикнува чувството на хармонија и мир. Нејзините светли нијанси симболизираат раст, потемните делуваат смирувачки.

Кафеава боја - има стабилизирачки ефект. Премногу кафеава боја може да предизвика чувство на умор.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4555 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус