Значење на броевите што недостасуваат

23 мај, 01:28

Веќе видовме во претходите две статии за Кинеска нумерологија што кажуваат броевите кои се појавуваат во вашата нумеролошка карта и кои се вашите доблести и мани (Стрелите на Питагора). Но, повеќето нумеролози, како и самиот Питагора, сметаат дека и отсуството на некој број има значење.

Во комбинација со толкувањето на 0 што некои нумеролози ја даваат, ова може да биде интересен начин да ве поттикне да размислите кои се потенцијалните Кармички долгови или лекции што треба да ги научите. Колку повеќе нули имате во датумот на раѓање,  толку повеќе кармички лекции треба да научите.

Ако сè уште немате направено нумеролошка карта со вашиот датум на раѓање, погледнете ја статијатa Западна кинеска нумерологија -1 Дел.

 

Бројот 1

На овие луѓе им е тешко да комуницираат со другите. Исто така не се внимателни слушатели. 
Логично, заклучокот е дека мора да научите да комуницирате, т.е. навистина да се поврзите со другите луѓе, да ги разберете нивните чувства или светогледи и да развиете сочувство. 

СОВЕТ: повеќе слушајте, помалку зборувајте. 

 

Бројот 2

Кога ви недостасува бројот 2 тоа значи дека имате недостиг на чувствителност и интуиција. Оттука, можете да направите грешка ако го игнорирате малиот глас во вас. Овие луѓе често за своите грешки ги обвинуваат другите или барем се правдаат со туѓите грешки.

СОВЕТ: Прифатете ги своите грешки и верувајте ѝ на својата интуиција.


Бројот 3

Доколку вам ви недостига бројот 3 од нумеролошката карта, тоа значи дека немате самодоверба. Често се потценувате и како резултат на тоа самите се разочарувате. Исто така имате проблем под стрес да размислувате логички.

СОВЕТ: Прифатете се себеси какви што сте и зголемете ја способноста за ментално фокусирање, да не речам концентрација.


Бројот 4

За сите оние на кои што им недостига бројот 4 од нивната нумеролошка карта, се смета дека не сакаат напорна работа како и рутина. Со ова може само да се намали нивната мотивација.

СОВЕТ: Дисциплина, дисциплина, дисциплина. И да научете да уживате во својата работа.


Бројот 5

На овие луѓе им е тешко да си поставуваат цели. Често немаат мотив и насока. Ним им е потребна постојана мотивација од другите.

СОВЕТ: Целите што си ги поставувате мора да бидат РЕАЛНИ и морате да ги завршите.

 

Бројот 6

Луѓето кои го немаат бројот 6 во нумеролошката карта мора да бидат поодговорни и повеќе да вложуваат во нештата. Ги сокриваат своите чувства и често имаат проблеми да се поврзат со еден или и обајцата родители. 

СОВЕТ: Бидете поодговорни, отворени и сакајте ги родителите.

 

Бројот 7

Овие луѓе понекогаш се безобѕирни кон другите луѓе. Имаат мал или никаков интерес за духовни работи. Не сакаат да бидат сами.

СОВЕТ: Имајте осет за околината и опуштете се.

 

Бројот 8

Овие луѓе имаат потешкотии при справувањето со финансиите. Или се премногу безгрижни, или премногу веруваат и како резултат на тоа страдаат финансиски. Често немаат мотивација и не ги довршуваат задачите.

СОВЕТ: Контролирајте ја импулсивноста и размислете пред да делувате.

 

Бројот 9

Овие луѓе имаат склоност да ги превидуваат чувствата и потребите на другите. Повлечени, ретко го завршуваат она што ќе го започнат.

СОВЕТ: Научете да бидете хуманист.

 

Број 0

Иако 0 не е број, и не се среќава често во оваа Западна кинеска нумерологија, некои сметаат дека 0 го означува Кармичкиот долг. Во контекст на оваа статија, доколку во вашиот датум на раѓање нема 0 (пр., родени сте на 12.11.1984, значи 0 не се појавува во датумот) тоа значи дека сте ги исплатиле долговите и нема лекции што треба да ги научите.


автор: Obednikovska Mirjana

Оваа вест е прочитана 4344 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус