Животен стил, Живеј квалитетно

Значењето на одредени соништа

09 јуни, 09:18

Секој сон е приказна за оној кој го сонува, му покажува каков е и треба да се толкува на сопствен начин.

Повеќето соновници различно ги толкуваат соништата, па она што ќе го прочитате за симболиката на некој сон не значи дека се однесува токму на вашиот.

Најдобро е соништата да ги толкувате сами, да размислите за нивното значење и поврзаноста на она што се го сонувале со она што ви се случува во животот.

Иако различни луѓе различно толкуваат исти симболи, одредени нешта кои ги сонуваме се дел од најчестите соништа на луѓето, и токму нивното значење се толкува исто во различните култури насекаде низ светот.

Ова се најчестите симболи и нивното значење.

Бебе – сонувањето на бебе симболизира зачеток на нова идеја, нов проект, нова одговорност која сте ја презеле или наскоро ќе ја преземете. Ве очекува нешто ново на кое ќе треба да му се посветите.
 

Смрт – означува промена, крај на нешто (врска, работа..., но не смрт на личност) и почеток на нешто друго. Не треба да ја толкувате како нешто лошо бидејќи смртта на сон значи само промена.
 

Луѓе – луѓето на сон ги претставуваат различните аспекти на нашата личност. Некои од оние кои ги сонуваме ни се познати, некое не, сепак сите тие симболизираат дел од нас и нашиот карактер. Размислете за постапките на луѓето во вашиот сон и пронајдете ја врската со вашата личност.
 

Заби – симболизираат знаење кое може да го искористиме на некој начин. Мислењето дека сонување заби кои паѓаат од устата значи смрт е сосема погрешно. Губењето на забите на сон значи промена во начинот на кој се однесувате кон нештата.
 

Вода – претставува животно искуство, ситуации и околности кои ќе ни дадат можност да ја збогатиме нашата личност, да созрееме како луѓе. Водата симболизира и силни емоции кои се или ќе бидат дел од нашиот живот.
 

Секс – симболизира единство, целина, креативен чин. Може да симболизира моќ или страв, во зависност од нашето чувство кога ќе се разбудиме. Доколку при сеќавањето на сонот имаме пријатни чувства, симболиката би значела моќ, доколку имаме негативни чувства, сонот би значел страв.
 

Училиште – ги симболизира мислите, училиштето на вашите мисли. Доколку се сонувате себеси во училишна клупа, како ученик, побарајте ја поврзаноста меѓу одделението во кое се сонувате и нивото кое сте го постигнале во одредени тековни ситуации. Колку пониско одделение, толку пониско ниво на решавање или дејствување во одредени ситуации кои се ваша реалност.
 

Голотија – ако се сонувате голи, тоа ја симболизира вашата искреност и отвореност, вашето вистинско Јас.

Како и да ги толкувате, најважно е секогаш да најдете нешто позитивно во симболиката на вашиот сон. Мислите имаат голема моќ, па доколку упорно барате лошо и негативно значење на сонот, ја привлекувате негативната енергија кон себе.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 7344 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус