Жолти коцки – вкусно задоволство

25 јули, 07:14

 

 

 

 

 

 

Неверојатно вкусни, декоративни, едноставно се топат в уста!

Состојки:
4 јајца
1 шолја шеќер
1 шолја шеќер во прав
1 шолја мелени ореви
1 шолја брашно
1 маргарин
2 ванили

Подготовка:
За тесто
4 белки убаво се матат со 1 шолја шеќер. Маргаринот се мати одделно, па му се додаваат мелените ореви. Изматените белки се мешаат со смесата од маргарин и ореви, се додава 1 шолја брашно и смесата се печи во тавче бр. 28 на околу 180° Ц , 20 до 25 минути(печете на онаа температура на која вообичаено печете тесто за колачи или торти).

За фил
4 жолчки убаво се матат со 1 шолја шеќер во прав и 2 ванили.
Кога тестото ќе се испече, филот се става одозгора, па повторно се враќа во рерна. Рерната исклучете ја и оставете ја малку подотворена. Кога филот ќе се потсуши и ќе фати убава цврста кора, колачот е готов.

Исечете го на коцки и по желба декорирајте го, иако и без некоја посебна декорација коцките изгледаат убаво, а вкусот е навистина посебен.

Добар апетит!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3270 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус