Занимливост, Убави нешта
Зошто Будимпешта е еден од најубавите градови во Европа
Сместен на двата брега од прекрасниот Дунав, Будимпешта е град кој е посебен по многу нешта.
Многумина го сметаат за најубавиот град во Европа, а прогласен е и за 9-от најубав град во светот.
Ова идилично место ќе ве воодушеви со својата архитектура, историја, втората најстара подземна железница во светот, 80-те геотермални извори и втората по големина синагога во светот.
Градот на Дунав е место кое секој посакал да го посети барем еднаш во животот. За сите оние кои немаат таква можност, тука се фотографиите кои ќе ве поведат на една незаборавна визуелна прошетка и ќе ве направат побогати за едно неверојатно искуство.
Што е тоа што Будимпешта ја прави толку посебна?
Рибарскиот бастион
Изградено некаде во 1800 година, ова прекрасно здание се состои од 7 кули кои ги претставуваат седумте племиња кои ја основале нацијата. Бастионот се издига високо над градот, а глетката на Дунав и Будимпешта е неповторлива.
Зградата на Парламентот
Прекрасниот дом на Парламентот е трет по големина во светот. По речиси 20 години изградба, завршен е во 1902 година и се состои од 691 просторија.
Базиликата Свети Стефан
Висока е 96 метри и претставува најголема црква во Будимпешта.
Синагогата
Втора по големина во светот и најголема во Европа, Синагогата е приказна сама за себе. Грандиозно здание кое остава без здив.
Плоштадот на хероите
Плоштадот е дом на Музејот на ликовна уметност и Палатата на уметноста и е ставен под заштита на Унеско.
Чевлите покрај Дунав
Направени по примерот на чевлите кои се носеле за време на Втората Светска Војна, овие мали уметнички дела се посветени на унгарските Евреи кои биле убивани и фрлани во Дунав за време на војната. Историјата сведочи дека чевлите биле многу вредни во тоа време, па од жртвите се барало да ги соблечат пред да бидат погубени. Малите потсетници на мрачната историја се направени во 2005 година од двајца унгарски скулптори.
Католичката црква посветена на Свети Матијаш
Зградата на операта
И уште неколку обележја на градот на Дунав...
Додади коментар