Мој предлог, Каде на одмор...

Зошто да летувате во Мармарис?

05 јули, 07:03

Вашата дестинација за ова лето зошто да не покрај Медитеранот, на прекрасните плажи во Мармарис?! Оние кои некогаш ги посетиле неговите плажи вечно ќе ги паметат како вистински рај на Земјата. Нивната убавина е надополнета со културата и чистотата на градот. 

Посебно за македонските туристи Мармарис е една од најомилените дестинации како во изминатите години, така и ова лето. Оној кој не бил копнее за да го посети, а оној кој бил не може, а да не се врати.

Во 2010-та година градот имал околу 31 илјада жители, но во текот на сезоната бројката на населението заедно со туристите брои од 300 до 400 илјади.

Иако во последните 30 години градот многу се изменил, но во неговата `срж сѐ уште го чува својот дух од минатото. ]Брегот на овој турски летен туристички центар го красат двете прекрасни планини кои го обиколуваат од двете страни. 

Ако се прашувате што би правеле во Мармарис, следните активности сигурно ќе го задоволат вашиот авантуристички апетит: нуркање, сафари со џип, крстарење со брод, нуркање, турска бања, ноќни забави, јавање коњи, прошетки низ градот, капење во бањите со кал, посета на Памуккале (извонредно чудо на природата), посета на островот на Клеопатра, луда забава во водениот парк, како и посета на познатиот „Talk of the Town“ или „Cheers Bar“, бар сместен на приватна плажа каде може да уживате во кабаре и ноќни забави.

Каде ви предлагаме да летувате, погледнете од самите фотографии:

Marmaris

Marmaris

Marmaris

Marmaris

Marmaris

Marmaris

Во јули и август температурата достигнува и над 40 целзиусови степени со чести врнежи од дожд. Поради високите температури многу туристи се одлучуваат да летуваат во Мармарис во септември поради пониските температури.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 3292 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус