Животен стил, Живеј квалитетно

Зошто е важно да давате максимум на работа?

25 октомври, 06:50

Многумина од нас сметаат дека се совесни работници, но вистината е дека ретки се оние кои го даваат максимумот на работното место.  

Без оглед на видот на работата, постојат некои непишани правила кои водат до успех и напредок, не само на поединецот, туку и на компанијата за која работи.

 

 

Зошто би го давале вашиот максимум?

Бидејќи не само што ќе напредувате, туку и ќе се чувствувате корисно и продуктивно, работниот ден ќе ви биде исполнет, а и стресот со кој секој од нас се соочува на работа ќе биде многу помал.

Како да го дадете максимумот на работа?

Дури и ако во моментот не сте задоволни од платата или видот на работата која ја вршите, многу е важно да ја разбирате целта на компанијата за која работите и вашето место во неа. Ако компанијата напредува, тоа ќе значи успех и за вас, и секако, поголема гаранција за сигурноста на вашето работно место. Секогаш гледајте ја пошироката слика, а не само вашиот личен интерес.

Какви односи имате со колегите? Добрите односи со вашите соработници се многу важни и имаат големо влијание врз работната атмосфера. Не само што ќе се чувствувате пријатно, туку и работата ќе оди напред.

Бидете подготвени на критики и прифатете ги како нешто сосема нормално. Секоја забелешка од страна на вашите претпоставени е добредојдена, бидејќи може да ви помогне да научите нешто ново, да се подобрите и постојано да напредувате. Секој добива критики, но она што позитивните и успешни луѓе ги издвојува од останатите е начинот на кој реагираат на критиките.

Една од најголемите грешки е поставувањето граници. Луѓето најчесто го работат само она што од нив се очекува и воопшто не се трудат да направат нешто повеќе. Секој од нас може да сработи онолку колку што ќе замисли. Ако постојано се ограничувате себеси, никогаш нема да напредувате и да научите нешто ново. Поставете си високи граници, бидете совесни и работете и повеќе од она што се очекува. Верувајте, резултатот ќе ве изненади!

На крај, можеби сè уште се прашувате зошто да работите повеќе отколку што од вас се очекува. Трудот и чесноста никогаш не остануваат незабележани. Оној кој дава сè од себе, знае дека ја заработил својата плата, има исполнет живот и напредува во секој поглед. А што е смислата на животот ако не постојано себеподобрување?

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2121 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус