Занимливост, Интересно

Зошто христијаните палат свеќа во храмовите?

14 април, 00:02

 

 

 

Кога христијаните влегуваат и се молат во Божјите храмови палат свеќи за здравје за себе и за своите најблиски. Но, знаете ли која е вистината за овој чин, зошто се пали и што тоа значи?

Палењето свеќа има длабока симболика, Светиот Симеон Солунски ни кажува дека свеќата ги има следните значења:

  • Ја симболизира чистотата на нашата душа, зашто е направена од чист восок.
  • Мекоста на душата врз која можеме да напишеме било што.
  • Божјата Благодат, зашто восокот доаѓа од мирисни цветови.
  • Обожувањето, кое треба да го достигнеме, зашто таа се пали со оган и го храни.
  • Светлината Христова, која ја гори и осветлува темнината.
  • Љубовта и мирот, особини на секој Христијанин, зашто, додека гори, таа со својата светлина го просветува и утешува човекот кој е во темнина.

Палејќи свеќа ние треба да се потсетиме дека треба да живееме во светлината која сме ја добиле преку крштевањето (просветување).
Восокот од кој се прават свеќите треба да биде чист, а се добива од пчелите кои го собираат само добриот полен од цветовите. Восокот го симболизира и начинот на кој Огнот, односно Божеството, се соединува со душата и ја омекнува и просветлува и неа и оние кои се во нејзино опкружување. Свеќата, како што гори, ја просветлува околината. Така и совесниот Христијанин, кога се жртвува за Божјата љубов, ги просветува луѓето и им го покажува патот на спасението.

Кога се оди во Храмот, верникот треба да запали свеќи за живите и за покојните. Тоа треба да биде проследено со молитва, за живите да бараме милост и заштита, а за покојните успокојување и спасение на душите.

Свеќата на крштението ја симболизира духовната светлина која ја прима новопросветениот и која треба да ја сведочи и покажува пред луѓето. Свеќите на погребот, гробот и поменот ја симболизираат светлината Христова, која се молиме да го просвети покојниот и да го упокои на место светло, блажено, каде нема тага, ниту воздишка, но живот бесконечен. Полиелејот во Храмот ја симболизира небесната црква, каде свеќите и кандилата ги претставуваат светителите. Затоа, во манастирите, во одредено време на богослужбата, полиелеите се нишаат, за да се покаже како и небесниот свет учествува во славењето на Бога.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5931 пати.

Коментари [1]

Живка Живановска

Бог е се....Тој е Цар над царовите....Во него треба да имаме највеќе доверба..Бидејќи тој е до нас и во лошо и во добро...Во се ни помага...На овој свет луѓето се сите исти...Добро сега се делат на Христијани и Муслимани....Но тоа нема врска дали се Муслимани или Христијани,.....Бидејќи и тие се луќе како нас...Сите луѓе се еднакви на овој свет....Секој човек може да направи повеќето грешки,но затоа Бог е тука да не исправи,да ни помогне и да ни ја укаже грешката...Секој човек на овој свет греши,бидејќи сите сме исти...Секој има различен грев....Но и покрај се ќе продолжам да верувам во единствениод Бог Исус Христус,и покрај се ќе одам секоја недела во црквата насабајле да се помолам да видам здрава и жива а после....Се ќе си дојде наместо и има време за се...Да знаеме само како да го користиме....:)

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус