Животен стил, Живеј квалитетно

Зошто луѓето на овој остров живеат толку долго?

17 октомври, 06:33

Икарија е грчки остров во северниот дел од Егејското Море кој името го добил по митолошкиот јунак Икар.

На прв поглед е како и сите острови во овој дел од Земјата – приморска клима, кристално чиста вода, прекрасна природа...

Но Икарија е многу повеќе од обичен остров. Овде луѓето живеат многу долго и имаат одлично здравје без оглед на годините.


Тајната на нивната долговечност многупати била проучувана од истражувачи од целиот свет.


Која е тајната на жителите на Икарија?

Не постои никаква тајна, ништо ново што досега не сме го знаеле. Единствена разлика меѓу жителите на Икарија и останатиот дел од светот е тоа што тие го применуваат сето она што води до долг, здрав и квалитетен живот.

Со еден збор, жителите на Икарија навистина знаат како да го живеат животот. Живеат мирно, без стрес, без постојано брзање и притисок. Многу ретко гледаат колку е часот, а повеќето од нив и немаат рачен часовник!

Спијат доста долго, се будат некаде околу 9 часот, па доколку престојувате на островот како турист, не очекувајте дека рано наутро ќе најдете продавница која работи.

Се хранат здраво, исклучиво со локално сезонско овошје и зеленчук, пијат сосема малку козјо млеко и ретко јадат месо. Редовно пијат чаеви од суви билки, а најчесто мешавина од рузмарин, жалфија и глуварче со малку лимон. Омилен пијалак им е виното кое сами си го прават.

Секојдневно пешачат, дури и најстарите жители кои имаат околу 90 години!

Жителите на Икарија не се оптеретуваат со неважни нешта. Брзо простуваат, не чуваат гнев и лутина во себе, си помагаат меѓусебно и сè она што им е повеќе од потребно за еден нормален живот, го делат со сиромашните.

Ете тоа е тајната на долговечноста и доброто здравје. Бидете умерени во сè што правите, не брзајте, најдете време за одмор и задоволство, вежбајте и хранете се здраво!

Ништо што досега не сме го знаеле, но колку од нас го применуваат?

 

 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2182 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус