Животен стил, За неа
Зошто Месечевиот камен е толку посакувано парче накит?
Месечев камен - самото име во себе крие мистерија и магија.
За Индијците претставува свет камен која ја симболизира љубовта и традиционално им се подарува на идните невести.
Кај некои народи се поистоветува со мудрост, други го сметаат за заштитник на патниците, трети пак веруваат дека носи надеж.
Древните народи верувале дека претставува амајлија за личноста која го поседува и ги вади на површина нашите најскриени вистини. Месечевиот камен има моќ да нè сврти длабоко во себе, да допре до најскриените делчиња од нашата душа, до она што ни недостасувало, она кое долго било потиснато и заборавено, а потоа да го извлече надвор.
Токму поради ваквата моќ на Месечевиот камен, тој влијае на емоциите и однесувањето, и придонесува за духовното издигнување на личноста.
Како накит, но пред сè како моќен камен е познат и ценет уште пред 2 000 години.
Името го добил токму поради неговиот прекрасен и мистичен сјај кој многу потсетува на сјајот ма Месечината. Го има во повеќе бои меѓу кои нежна нијанса на праска, сина, сива, бела, како и камен кој се прелива во боите на виножитото.
Месечевиот камен е прекрасен избор за подарок на саканата личност или зошто да не, подарок кој сами може да си го подарите.
Парчињата накит со Месечев камен се едноставни, нежни и навистина посебни, без оглед дали се изработени од сребро, бело или жолто злато.
Зошто месечевиот камен е толку посакувано парче накит?
Ако верувањата за моќта на овој камен не ви се доволни, можеби следните фотографии го кријат одговорот.
Додади коментар