Зошто треба да се јаде овошје и зеленчук
Секојдневното консумирање на овошје и зеленчук многу благопријатно делува на општата здравствена состојба на организмот, го штити од болести и бактерии, го одржува во здрава и топ форма и го подмладува.
Информирајте се зошто е потребно во секојдневната исхрана да внесуваме колку што можеме повеќе овошје и зеленчук.
- Консумирањето на овошје и зеленчук кои се богати со витамин Ц, како што се портокалот и брокулата, ја зголемуваат заштитата од појава на конорарни болести.
На мажите може да им се зголеми животниот век за цели 6 години, доколку поредовно ги консумираат овие видови на овошје и зеленчук.
- Веројатноста за долг живот се зголемува за четвртина, доколку секојдневно се јаде по една смоква.
- Ризикот за добивање на мозочен удар се намалува за 42% доколку секој ден се јаде по 3 порции овошје и зеленчук.
- Бананите го намалуваат крвниот притисок, а калиумот што се содржи во нив ја регулира работата на срцето.
- Еден портокал дневно го намалува ризикот од појава на рак на грлото и желудникот за 50%.
Грижете се за вашето здравје, хранете се здраво и секојдневното консумирање на овошје и зеленчук нека стане ваша навика и обврска!
Додади коментар