Маска од лимон и белка

15 септември, 00:13

 

 

 

 

 

 

 

Оваа маска е одличен начин да ја освежите, затегнете и исчистите кожата на лицето.  

Подготовка и нанесување:

  •   Исцедете половина лимон, додадете 1 белка и убаво изматете ја смесата.
  •   Маската се нанесува директно на лицето, но избегнете го делот околу очите.
  •  Оставете ја 30 минути, а потоа отстранете ја со топла вода.

Со секое наредно нанесување можете да го зголемувате и временскиот период на дејствување. Првиот пат можеби ќе почувствувате мало пецкање поради лимонот. Ако тоа се случува при секое нанесување на маската, прекинете го третманот и обидете се со друга маска за чувствителна кожа.

Дејство на состојките:

Лимонот поради киселоста делува како избелувач (доколку имате флеки), врши дезинфекција, а предизвикува и зголемено лачење на колаген.

Белката е богата со протеини и аминокиселини. Ги затегнува порите, а исто како и лимонот има и избелувачко дејство врз потемните места околу лузните.

СОВЕТ: Пред да започнете со каков било козметички третман за лице, било да е со препарат или природна козметика, најпрво направете тест (нанесете на мал дел од лицето) и осигурете се дека не сте алергични на некоја од состојките.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 9905 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус