10 Јуни

10 јуни, 00:01

Во 1930 година, во Џорџија е роден легендарниот музичар Реј Чарлс.

Во 50 - те години од минатиот век, Чарлс беше именуван за татко на соул музиката и беше препознатлив каде и да се појавеше поради неговата музика, која беше комбинација од повеќе музички стилови како блуз, госпел и џез музика. Најпознати негови хитови од тоа време се песните „Unchain My Heart”, „Hit the Road Jack” и „Georgia on My Mind”.

Реј Чарлс беше човек кој и покрај што имаше хендикеп (беше слеп), се смета дека е еден од најголемите уметници на сите времиња.

Почина на 10 јуни во 2004 година, во својот дом во Беверли Хилс, во Калифорнија.

За време на неговиот живот, Чарлс сними повеќе од 60 музички албуми и настапуваше на повеќе од 10.000 концерти.

Последниот албум на Реј Чарлс „Genius Loves Company ” кој беше издаден два месеци после неговата смрт, се состои од голем број на песни - хитови кои Чарлс ги изведуваше во дуети со познати пејачи и обожаватели.

Истата година, неговата животна приказна се најде на филмското платно прикажана во филмот „Ray” во главна улога со актерот Џејми Фокс, кој освои и оскар за одлично одиграната улога на Реј Чарлс.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 448 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

13 Јуни

13 Јуни

Во 1953 година во Денвер, во Колорадо, е роден актерот Тим Ален Дик.

© 2021 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус