13 Јуни

13 јуни, 00:01

Во 1953 година во Денвер, во Колорадо, е роден актерот Тим Ален Дик.

На почетокот на својата кариера, Тим Ален насекаде и на секого им го претставуваше неговото смешно презиме. 
Презимето беше на некој начин и пресудно за отпуштање од затвор, каде Ален престојувал неколку години поради нелегално продавање на дрога и други опојни средства.

После затворот, Ален почна посериозно да се занимава со глума.

После излегувањето од затворот, Тим Ален е често присутен на големиот екран.

Најпознат за јавноста е по одлично одиграните улоги на ликот на Дедо Мраз во неколкуте филмски продолженија „The Santa Clause”.

Непосредно пред дебито во третото продолжение на приказната за Дедо Мраз, Тим Ален во 2006 година се венча со неговата долгогодишна девојка.

Во наредната 2007 година Тим Ален се појавува во филмот „Wild Hogs” заедно со Џон Траволта, Реј Лиота,Мартин Лоренс и Вилијам Мејси.

Неговите неодамнешни филмски проекти се: „David Mamet-helmed Redbelt” (2008), „The Six Wives of Henry Lefay” (2008) и третото продолжение од цртаната серија  „Toy Story”.

Во меѓувреме, Ален продолжува да работи во неговата продукциска куќа Boxing Cat Films и успешно да го води кормилото на неговото студио за дизајн Tim Allen Designs.

Пред да стане омилена ѕвезда во комедиите, Тим Ален беше дилер на дрога, и стенд - ап комичар.

 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 404 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 Јули

27 Јули

На денешен ден во 1983 година е роден Горан Пандев, капитен на македонската фудбалска репрезентација. Својата фудбалска кариера ја започнува во ФК Беласица.

© 2021 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус