21 Јули

21 јули, 00:01

На денешен ден во 1899 година е роден Ернест Хемингвеј, американски писател. Роден е во Чикаго, Сад, каде живеел во семејната куќа во предградието. Уште во раните години Ернест добива желба за запознавање на нови предели, нови авантури. Желбата за нешто повозбудливо ќе го воведе во Првата светска војна, каде бил и ранет. Во војната ја наоѓа и својата љубов, Агнес, која била медицинска сестра, но тоа му ја нанело и првата голема болка, бидејќи Агнес се заљубила во италијански офицер. 

По враќањето во Америка, Ернест Хемингвеј се оженил и почнал да пишува роман. Негово прво дело е романот „И сонцето изгрева“ кој го напишал за само шест недели, за што добил само лоши критики. Подоцна се разведува, па повторно се жени. Набрзо потоа се самоубиле неговиот татко и неговиот најблизок пријател. Сето тоа Ернест тешко го поднел . 

Но, неговото творештво не запира тука. Ернест Хемингвеј е автор на делата: „Снеговите на Килиманџаро“, „Старецот и морето“, „За кого бијат камбаните“, „Во наше време“ и други. 

Добитник е на Нобеловата награда за литература и Пулицерова награда.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 598 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

27 Јули

27 Јули

На денешен ден во 1983 година е роден Горан Пандев, капитен на македонската фудбалска репрезентација. Својата фудбалска кариера ја започнува во ФК Беласица.

© 2021 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус