Убава наша, Репортажи

5-те најдобри македонски традиционални јадења

19 јуни, 00:07

На ова мало парче земја низ годините народот создавал големо богатство. Едно од најубавите наследства кои ги имаме се традиционалните и неповторливи рецепти. Од месено и тегнато до варено и печено.

Денес, дел од тајните рецепти на нашите супер бабички се заштитени како македонски брендови, а дел секогаш ќе останат најдоброто од македонското мени.

Се прашувате кои 5 македонски јадења се на мојата порталовска листа?

Пред да ви откриеме важно е да знаете дека рецептите се убави само и само ако се подготвени со домашни производи произведени во бавчата на мојата бабичка.

Број 1 и неповторлив е ајварот. Ова извонредно јадење се приготвува од исклучително дебели и големи црвени пипреки чии мирис при печењето ќе ве изгладни како никогаш да не сте јаделе. Преку рацете на домаќинките, машината за ситно мелење, завршува во големата шерпа каде како вулканска лава се префрлува од една на друга страна. Најдобро се конзумира кога сте сами и имате топло и крцкаво домашно лепче печено во фурна. Толку е добар и вкусен што нема да престанете сè додека не го изедете.

Број 2 е македонското гравче тавче. Од малото поле во селото набран од рацете на вредните копачи, крупен и зрел, зрната грав кога ќе се приготват во земјена тава со многу кромид, црвени пиперки, магданос и уште многу други зачини се создава неповторливото македонско гравче тавче. Ем вкусно, ем весело!

Број 3 за нај-нај-најдобрата штипска пастрмајлија која некогаш била направена. Приготвена од итрите штипјани кои со години ја кријат тајната за ова богатство од храна, со дебели и крцкави краеви и преполнa со ситни коцки месо, зачинетa со многу итрина и тајни, штипската пастрмајлија нема да дочека ни да се излади. После првата мора уште една.

Број 4 е за прекрасните коцки приготвени на сач и потпечени по сечиј вкус, сутпите. Она за кое сакам да зборувам за некои е ѓомлезе, а за некои тури-потпечи. Како и да го наречете тоа има вкус кој ќе ве прогонува секој миг и ќе ве убедува да не запирате. Ништо не може да го замени оригиналниот рецепт и начин на подготовка на бабичка.

Велат последен 5-ти, ама никако и најлош е бакрданoт. Иситнетото подварено пченкарно брашно е одлично да го вкусите со сланина приготвена на скара, а салото потопено во ситните топченца од пченичното брашно. Прекрасен бакрдан за поздрав желудник и полн стомак.

Лето е, сигурно ќе посетите нови места од Македонија. Каде и да отидете, вкусете нешто ново и незаборавно од македонската кујна.

Да ти се пријаде!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 23043 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус