Здравје, Здрави навики

6 причини зошто да јадете краставица

31 март, 00:05

Ако на вашето дневно мени имате краставица, тогаш бидете сигурни дека добивате порција здравје.

Краставицата е еден од 5-те видови зеленчук кои најмногу се одгледуваат ширум светот, а нејзините придобивки по однос на здравјето се навистина големи.

 

 

  • Краставицата го хидрира организмот, што е особено важно за оние кои немаат навика да пијат доволно вода во текот на денот.
  • Благодарение на големиот процент вода кој го содржи, краставицата лесно ги отстранува отровите од организмот, а со редовно конзумирање може да помогне и за исфрлање камчиња од бубрезите. Воедно, ги одржува бубрезите во добра форма.
  • Краставицата содржи витамини А, Б и Ц, неопходни за имуниот систем како и за енергијата која ни е потребна преку ден. Лушпата содржи дури 12 % од дневната потребна доза на витамин Ц, затоа не лупете ги при употребата.
  • Комбинацијата од краставица, спанаќ и моркови (свеж сок подготвен во соковник) е вистинска витаминска бомба.
  • Помага во превенцијата и борбата со ракот на дојката, јајниците и простатата.
  • Го намалува холестеролот и го регулира крвниот притисок, па добро е да ја конзумираат лицата со висок, но и оние со низок притисок.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2479 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус