Чаеви и масти

11 рецепти од мед за различни намени

08 септември, 08:51

Медот е природен лек кој со своите својства добро влијае врз здравјето на луѓето и помага за лекување на повеќе болести и повреди.

 

 

 

 


Асма: Гел од мед

Подготовка: Ситно исечкајте 1 главица кромид и 2 чешниња лук, потоа додадете 1 лажица мајчина душица и 4 лажици исландски мов. Така исечкани ставете ги во 400 мл вода да зоврие. Откако ќе зоврие, оставете да се излади и додадете 200 грама мед.

Употреба: Се конзумира по една лажичка неколку пати во текот на денот.

Кашлица: Мед

Конзумирајте по 1-2 лажици мед во текот на денот.

Затнат нос: Инхалација со мед

Во 1 литар вода ставете 100 грама мед. За инхалација се препорачуваат мед од жалфија, мајчина душица и ела.

Совет: Пет минути вдишувајте преку нос, а издишувајте преку уста; во наредните пет минути вдишувајте преку уста, издишувајте преку нос.

Реума: Облоги од мед

Ставете подебел слој од медот на местото каде чувствувате болка и покријте го со памучна крпа. Медот помага за смирување на воспаленијата.

Гихт: Облоги од мед и гавез

Подготовка: Во сад измешајте 2 лажици рендан гавез, 1 лажица мед, 2 лажички маслиново масло и топла вода. Треба да добиете каша.

Употреба: Се нанесува пред легнување на местата каде чувствувате болка. Оставете ја да отстои во текот на ноќта, за да може да делува, да ја ублажи болката.

Воспалено грло: Мед со ананас

Подготовка: Едно дебело парче ананас ставете го во малку вода да се вари. Потоа оставете го да се излади и додадете 1 лажица мед.

Употреба: Чувајте ја течноста во грлото околу две минути, по што може да ја проголтате. Оваа постапка се повторува неколку пати на ден, во период од една недела.

Акни: Емулзија од мед

Подготовка: 100 мл. загреано млеко се става во чиста тегла во која потоа се додава 100 гр. див мед и сок од еден цеден лимон. Добро затворете ја теглата и протресете за да се измеша.

Употреба: Емулзијата се нанесува на кожата во текот на ноќта, а наутро се плакне со млака вода.

Изгореници: Прва помош за изгореници

Добро изладете го местото со многу ладна вода, потоа нанесете подебел слој мед и преврзете со завој. Медот ја заштитува раната од бактерии.

Главоболка: мед од лаванда, чај од мајчина душица или маточина

Користете мед од лаванда, чај од мајчина душица или маточина и конзумирајте чај од соодветната билка.

Совет: Медот се става во изладен чај, како би се задржале лековитите својства на медот.

Слаб имунитет: Чај за зајакнување на имунитетот

Подготовка: Во 1 литар врела вода измешајте 1 лажица камилица и 1 лажица ајдучка трева и оставете да отстои 10 минути. Потоа процедете го чајот и оставете да се излади. Во ладниот чај се додава половина лажица мед. Во првите шест недели постепено зголемувајте ја количината на мед, така што ќе стигнете максимум до 3 лажици, а потоа полека намалувајте го количеството на мед, до минимум половина лажица.

Употреба: Се пие по една чаша пред јадење.

Дијареа: Раствор од сол и мед

Подготвока: Зовријте 1 литар вода, по што во неа додадете 1 лажица сол. Откако ќе се излади се додаваат 2 лажици мед.

Употреба: Се конзумира од растворот сè додека не престанат тегобите.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 7340 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

23 април

23 април

Во 1616 година починал Вилијам Шекспир, англиски поет и драматург, автор на 38 драми, 154 сонети и неколку поеми.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус