Позитива, Мисли

Најубавите цитати од Нелсон Мандела

15 април, 09:53

 

 

 

 

 

 

Најголемиот борец за слобода, човекот кој го посвети својот живот на борбата за мир и правда, зад себе остави силни и мудри зборови кои треба да послужат како пример на секое човечко суштество.

Ова се дел од неговите најубави цитати.

„Да бидеш слободен не значи да отфрлиш нечии синџири, туку да живееш на начин кој ја почитува и подобрува слободата на другите”.

„Научив дека храброста не е отсуство на страв, туку триумф над стравот. Храбар човек не е оној кој не чувствува страв, туку оној кој го победува стравот”.

„Образованието е најмоќното оружје кое може да го употребиме за да го промениме светот”.

„Најголемата слава во животот не е во тоа никогаш да не паднеш, туку да се подигнеш секогаш кога ќе паднеш”.

„Откако ќе се искачи на голем рид, човекот открива дека има уште многу ридови за качување”.


Одете по својот пат, качувајте се на вашите ридови, но внимавајте никого да не сопнувате со вашите чекори.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 8775 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

18 април

18 април

Денес се навршуваат 59 години од смртта на Алберт Ајнштајн, генијалец со објавени над 300 научни и 150 ненаучни трудови.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус