Чоколадна торта

08 декември, 00:08

 

 

 

 

 

 

Состојки за долната кора:

  • 250 гр брашно
  • 125 гр путер
  • 60 гр шеќер
  • 2 лажици какао во прав
  • 1 жолчка
  • 2 лажици ладна вода
  • 1 белка да се измати посебно

 

Подготовка:

Брашното, исечканиот путер на покрупни парчиња, шеќерот и какаото се мешаат со миксер. Откако убаво ќе се соедини смесата се додаваат жолчката и водата. Месете додека да се изедначи смесата. Потоа во округли калап претходно премачкан со растопен путер ставете го тестото и ставете го во фрижидер да отстои 10 минути. Потоа извадете го тестото и ставете хартија за печење на дното од калапот и вратете го тестото. Притоа истото нанесете го убаво до краевите. Вратете го уште 20 минути во фрижидер. По што се пече на 180 целзиусови степени околу 10 минути.


Состојки за белиот слој:

  • 300 гр бело чоколадо
  • 150 мл слатка павлака
  • екстракт од ментол

 

Подготовка:

Во сад ставете ја павлаката и оставете ја да зоврие по што тргнете ја настрана и додадете ја белата чоколада во садот. Додадете го и екстрактот од ментол и убаво мешајте додека да се изедначи. Така добиената смеса оставете ја во фрижидер 1 час.


Состојки за горниот темен слој:

  • 300 гр темна чоколада
  • 250 мл слатка павлака

 

Подготовка:

Во сад ставете ја слатката павлака и истата загревајте ја до вриење, по што тргнете ја настрана и додадете ја темната чоколада. Откако убаво ќе промешате ставете ја смесата во фрижидер да отстои околу 3 часа.

 

Соединување:

Во калапот со кората додадете ја белата смеса и истата оставете ја околу 1 час да се стегне, потоа додадете ја и темната смеса по што оставете ја така приготвената торта во фрижидер додека да се стврдне.

Откако убаво ќе се стврдне може да ги отстраните страничните делови од калапот и можете да украсите странично со чоколаден шлаг крем.

Добар апетит!!!


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 5453 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус