Чоколадни коцки

10 октомври, 06:40

 

 

 

 

 

 

Состојки за пандишпан:
2 шолји брашно
2 шолји шеќер
2 шолји јогурт
2 лажици какао
1 мало лажиче сода бикарбона
¼ шолја масло

Состојки за фил:
1 коцка маргарин
150 гр. чоколадо за готвење
2 лажици шеќер
1 лажица какао
200 мл. млеко

Подготовка на пандишпанот:
Во поголем длабок сад со лажица убаво се мешаат сите состојки за пандишпанот додека се добие изедначена смеса.
Смесата се става во плех намачкан со малку масло и се печи 30 - 35 минути на 180°Ц.

Подготовка на филот:
Маргаринот убаво се мати со миксер додека да стане пенест.
Чоколадото, шеќерот и какаото се раствораат со млекото и се топат над пареа.
Откако оваа смеса ќе олади се меша со маргаринот и филот убаво се мати со миксер.

Пандишпанот треба да е убаво оладен и потоа се филува со филот. 
Се остава кексот да постои неколку часа, па потоа се сечи на коцки.


Пријатен апетит!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 5681 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус