Домашен лек против кашлање

18 јануари, 07:20

Промената на годишните времиња како и промената на температурите, кај поголемиот број луѓе е причина за добивање на настинка и појава на кашлање.

Кашлањето е прв знак дека имунитетот на организмот е намален, дека грлото е многу осетливо и лесно подложно на вируси и настинки.

Во текот на денот со консумирање на топли пијалаци како чај, полесно е справувањето со кашлањето, но во текот на ноќта кога телото се опушта, кашлањето како за инает зема сѐ поголем замав. 
Како резултат на ненаспаните ноќи, телото е изморено и нема сила за справување со секојдневните обврски. 
Ваквата состојба треба веднаш да се стави под контрола.

Ако сте испиле сируп против кашлање и сѐ уште кашлате, време е да се свртите кон народната медицина и народниот начин на лечење, кој до сега се има покажано како многу успешен.

Ова е денешниот наш природен, народен и веќе докажан рецепт против кашлање, кој доколку доследно се примени, ќе ви го олесни дишењето и кашлањето ќе стане ваше минато.

Подгответе го ако имате сериозен проблем со кашлањето.

Состојки:
150 коренчиња тегавец кои треба да се со се стебленца и ливчиња
1 литар вода
сок од 1 лимон
1 кг. мед

Подготовка:
Тегавецот убаво се чисти и се мие. Се става во тенџере со вода, му се додава сокот од цедениот лимон и медот. 
Течноста се вари на тивок оган, подолго време, со повремено мешање. 
Откако убаво ќе изврие и ќе остане отприлика четврт од првобитната количина, се трга од огнот и се остава убаво да се олади. Потоа се собира во шишенце и се пие 2 до 3 пати во текот на денот по една супена лажица. 

За подобри резултати треба да се испие целата доза, иако е можно кашлањето да престане уште во првите неколку денови. 


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 6618 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус