Животен стил, Кујна, Рецепти

Домашни переци

18 јули, 07:37

 

 

 

 

 

 

Состојки:
800 гр. брашно
1 свеж квасец
2.5 дл. млеко
1 коцка маргарин
180 мл. масло
2 мали лажички сол
2 јајца
1 мало лајче шеќер


Подготовка:

Во поголем длабок сад се става брашното, јајцата, шеќерот и солта. 
Маргаринот убаво се топи и се додава во брашното. 
Се додава маслото, млекото и квасецот кој претходно треба да надојди.
Смесата убаво и повеќе време се меси додека се соединат сите состојки.
Добиеното мазно и нелепливо тесто се расукува со сукало во голема кора со дебелина од 1 см.
Со калапчето за переци се вадат формите од тестото и се ставаат во плех на хартија за печење.
Се печат на 180 °C околу половина час, додека да заруменат.


Добиените вкусни переци можат да се послужат и топли и ладни. 
Одлично одговараат во комбинација со пиво. 

Пријатен апетит!


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 4906 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус