Големите едноставни мудрости на Далај Лама

19 ноември, 00:06

Монахот Далај Лама кој ги поддржува Тибетанските монаси и се бори за нивните права, е еден од најмудрите живи духовни учители чии зборови зрачат со позитивност, едноставност и мудрост.

На некои луѓе им е дадена дарба да пренесуваат мудри пораки до луѓето кои ги имаат длабоко во нив, со цел да го олеснат и подобрат нивниот живот, па така и зборовите на Далај Лама ја имаат токму таа цел, да олеснат нечиј живот, да направат полесно и побрзо да се прифатат одредени нешта, да ја зголемат вербата и да учат на духовност.

Сѐ што од него е кажано како мудрост не кажува нешто ново и до сега неслушнато, туку напротив тоа се работи кои сите барем еднаш во животот сме ги слушнале но не сме им придале никакво значење, а токму сега е моментот за да размислиме подлабоко за зборовите кои следат и да ја разбереме суштинската порака која преку нив ни е наменета токму нам.

Па да започнеме, време е за размислување и за учење smiley

  • Кога ќе изгубите во некоја ситуација, немојте ни случајно да ја заборавите лекцијата која како поука треба да ја извлечете од таа ситуација.
  • Запомнете дека не добивањето на тоа што сте го посакувале, понекогаш е прекрасна среќа.
  • Убаво научете ги правилата за да можете да ги прекршите правилно кога ќе дојде време за тоа.
  • Не дозволувајте мало недоразбирање да расипи големо пријателство.
  • Кога ќе сфатите дека сте направиле грешка, преземете итни чекори за да ја поправите.
  • Широко отворете ги вашите раце кон нови промени, но никако немојте да дозволите да исчезнат вредностите кои ги поседувате.
  • Запомнете дека тишината понекогаш е најдобриот одговор.
  • Живејте добар и чесен живот за кога ќе остарете да може да се навратите на спомените и повторно да уживате во нив по втор пат. 
  • При несогласувања со најблиските обратете внимание само на моменталната ситуација. Никако не мешајте го минатото.
  • Мерете го својот успех по работите од кои што сте морале да се откажете за да го постигнете.

автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 7013 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус