Интересни декоративни салвети

20 јули, 10:16

Кога подготвувате важна вечера во вашиот дом или пречек на посебен гостин потрудете се салветите да изгледаат беспрекорно и интересно.

 

 

 

 

Така на пример направете роза од салвети. Земете една кафеава салвета и една темно црвена. Кафеавата салвета свиткајте ја прво во форма на квадрат, а потоа во форма на триаголник и со врвот на триаголникот ставете ја во чашата. Потоа и темно црвената салвета напаравете ја во форма на триаголник и врвот од салветата превиткајте го како на сликата. Салветата така поставена се витка во ролна од едниот до другиот крај. 

Dekorativni salveti

Розата ставете ја во средината на кафеавата салвета и ќе добиете одлична декорација.

Или, за да направите салвети како оние на главната слика земете бела салвета и направете ја во форма на квадрат. Потоа залепете ги или со хевталка зацврстете ги цветовите на бела платнена лента. На салветата во форма на квадрат свиткајте ги двата спротивни агли под неа и со лентата стегнете ја салветата при крајот. За крај само наместете ја салветата на чинијата и подготвени пречекајте ги своите гости.

Среќно! 


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 7118 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус