Каде на одмор...

Парга – Грција

04 август, 08:45

Одмор во септември – зошто да не!

Доколку сѐ уште немате отидено на одмор ова лето, ви препорачуваме тоа да го направите и да ја посетите Парга. Се наоѓа во северозападна Грција и излегува на Јонско море. Овој град воодушевува со својот шарм, изглед и бујна вегетација затоа што е опкружен со планини и со маслинови дрвја.

Топлината на водата на Јонското море нека биде само уште една причина повеќе за да ја посетите Парга токму во септември.

Парга е познат туристички град кој плени со својата природна убавина.

Градот се наоѓа на ридски предел па оттука произлегува споредбата со Крушево.

Секоја година бројот на туристите се зголемува не само поради природните убавини, туку и поради прекрасните плажи кои се најдобрите плажи воопшто на Јонското море.

Најпопуларни и најпосетувани плажи се: Valtos, Kryoneri, Piso Kryoneri, Lichnos, Sarakiniko и многу други.

Наспроти градската плажа, на неколку минути оддалеченост, се наоѓа мал жовописен остров кој го носи името на Дева Марија. До него се стигнува со пливање или со педалинка.

Наспроти Парга се наоѓаат островите Паксос, Антипаксос и Крф, а јужно островите Лефкада, Кефалонија и Закинтос, кои можете да ги посетите и кои заедно со бројните прекрасни плажи на Парга ќе ви овозможат незаборавен одмор.

Уживајте овој септември во Парга.


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 12822 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус