Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Како Меркур влијае врз хороскопскиот знак Девица

01 септември, 07:17

Секој хороскопски знак е под влијание на некоја планета која на некој начин ги одредува квалитетите на знакот.

Со Девицата (и Близнаците) владее Меркур, планета која е уникатна по многу нешта.

Името го добила по римското божество Меркур – гласник на боговите. Оваа планета е најблиску до Сонцето и се одликува со необично голема брзина на движење.


Како Меркур влијае врз хороскопскиот знак Девица

Благодарение на влијанието на Меркур, Девиците имаат способност за одлична ментална организираност и постојана активност.

Брилијантноста, способноста за брзо учење, умешноста убаво да се изразуваат, развиената свест, снаодливоста и правилното расудување се квалитети кои овој знак ги поседува поради влијанието на Меркур. Постојано учат нови нешта и вљубени се во пишаниот збор.

Креативноста е можеби најдобрата одлика на Девиците. Лицата родени во овој знак внесуваат креативност во секојдневните активности, поседуваат многу вештини и речиси сè прават со љубов, но доколку почувствуваат дека она што го прават е безначајно и нема некоја цел, брзо го губат интересот за таа активност.

Благодарение на влијанието на Меркур, Девиците не подлегнуваат лесно на празни зборови, честопати ги гледаат и двете страни на нештата, па можат да донесат добар и непристрасен заклучок. Поради оваа нивна особина, нивното мислење и совети секогаш се добредојдени, бидејќи најчесто се искрени и немаат скриен мотив.

Една од лошите страни на Девиците е нивната неспособност да се сочат со критиките кои ги добиваат. Многу се ретки луѓето родени во знакот на Девица кои знаат да примат критика и добро да се носат со истата, а од друга страна знаат да ги критикуваат другите.

Независно од влијанието на Меркур, можеби ќе сакате да знаете и дека Девицата е еден од двата знаци претставени преку човечка, наместо животинска форма. Заедно со Ракот и Лавот, Девицата е еден од трите летни хороскопски знаци.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 3058 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус