Книга

Илјада неверојатни сонца

26 март, 12:04

„Никој не може да ги изброи месечините кои одблеснуваат на неговите покриви, или илјадниците неверојатни сонца што се кријат зад неговите ѕидови”.

Кабул, Авганистан. Време на немири и војни, страдања и згаснати огништа.

Потресна приказна за ужасите на војната, но и за страдањата на авганистанските жени пренесена преку ликовите на Маријам и Лејла.  Суровата судбина ќе им ги вкрсти патиштата и ќе ги научи како заедно да се борат и да наоѓаат надеж и во безнадежните ситуации.

Нивната издржливост и храброст е сведоштво за силата на авганистанската жена и воопшто силата на човекот и желбата да се преживее, да се љуби, да се биде достоинствен и чесен.

„Илјада неверојатни сонца” е втор роман на Калед  Хосеини, преведен на повеќе од 27 јазици.


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 6517 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус