Книга

Најголемиот трговец на светот - Ог Мандино

30 април, 09:37

Најголемиот трговец на светот е најголемата и најсентиментална приказна која е посветена на големиот трговец, кој во симбиоза со добрината, љубовта и единствениот систем на трговија, создал едноставна и уникатна филозофија за успех.

Сите ние без оглед на нашата професија, на некој начин сме трговци. Но пред сѐ треба ние самите да си се „продадеме” на самите себе, за да можеме да ја спознаеме и почувствуваме личната среќа и да постигнеме душевен мир.

Доколку со внимание ја прочитаме и ја разбереме суштината на оваа книга, таа може секој од нас да го направи да биде најдобриот трговец.

Целата љубов, успех, душевен мир и богатство се наоѓаат во десетте древни свитоци, кои мудреците, чуварите на тајниот свет, ги пренесуваат илјадници и илјадници години до денес.

Она што сте денес не е важно ... бидејќи во овој бестселер вие ќе научите како да го промените својот живот, применувајќи ги тајните што ќе ги откриете во десетте свитоци.

Ог Мандино е еден од најчитаните писатели во светот кога се во прашање темите за човековата самодоверба и самоинспиративност, па така и во овој светски бестселер тој на многу умешен начин ги опишува токму тие теми.

Она што најповеќе ќе ви остане во сеќавање после читањето на оваа книга се следниве зборови, кои треба да ни бидат и патоказ во животот:

„Ќе настојувам да истраам сѐ додека не успеам.
Не дојдов на овој свет за да бидам поразен, ниту неуспехот струи низ моите вени.
Јас не сум овца која чека нејзиниот овчар да ја поттикне.
Јас сум лав кој одбива да зборува, оди и спие со овците.
Касапницата на неуспехот не е моја судбина.
Ќе издржам сѐ додека не успеам.”


автор: Jakimova Jasmina

Оваа вест е прочитана 10032 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

28 Март

28 Март

Во 1986 година во Њујорк е родена Стефани Џоан Ангелина или позната за светската јавност како Лејди Гага. 

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус