Животен стил, Хороскоп и Нумерологија

Која планета владее со вашиот хороскопски знак?

31 октомври, 06:48

Деветте планети, заедно со Сонцето и Месечината се тесно поврзани со астрологијата. Во моментот на раѓање на секоја личност, секое од овие небески тела има точно одредена позиција според која се одредува планетата која владее со хороскопскиот знак.

Иако секоја планета владее со еден хороскопски знак, секоја од планетите има мало влијание и врз другите знаци.

 

Која планета владее со вашиот хороскопски знак и какво е нејзиното значење?

Сонце – претставува најзначајно и најмоќни небесно тело кое има големо влијание врз хороскопските знаци. Сонцето дава живот, па оттука доаѓа и неговото позитивно влијание. Тоа го осветлува карактерот и природата на секој човек, му дава светлина на вашето вистинско Јас, она што навистина сте и што го носите во себе. Сонцето е тесно поврзано и со односот кон вашиот татко и односот кон машкиот пол. Лавот е хороскопски знак со кој владее Сонцето, па позитивното влијание на Сонцето е најмногу изразено токму кај овој знак.

Месечина – тесно е поврзана со расположението, емоциите и инстинктите. Младата месечина е период за нови почетоци, а полната месечина е период кога доаѓа до кулминација на она што сме го започнале. Месечината е поврзана и со мајката и односот кон женскиот пол.
Месечината владее со Ракот.

Меркур – оваа планета е тесно поврзана со комуникацијата и трговијата. Нејзиното влијание се манифестира врз анализите, писменото и усното изразување, трговијата и склучувањето договори. Во зависност од положбата на Меркур зависи успехот на деловен план, комуникациите, патувањата и слично. Меркур владее со два хороскопски знаци: Близнаци и Девица.

Венера – планета на креативноста, убавината и љубовта. Оваа планета ја поттикнува романсата, уметноста и добрата среќа. Кога Венера ќе се најде во вашиот сегашен хороскоп, до израз доаѓаат вашата убавина и атрактивност, бидејќи оваа планета ја нагласува физичката убавина, а нејзиното влијание овозможува и финансиски напредок.
И Венера владее со два хороскопски знаци, Вага и Бик.

Марс- влијанието на оваа планета се манифестира со изразена енергичност и агресивност. Во зависност од моменталната положба на Марс, оваа планета влијае на однесувањето, па честопати предизвикува агресивни и груби испади, поради што се чувствуваме исцрпено. Овенот е хороскопски знак со кој владее Марс.

Јупитер – планета на среќата, оптимизмот и можностите. Јупитер секогаш влијае во позитивна смисла, а кога ќе се најде во вашиот хороскопски знак ( секој хороскопски знак го има Јупитер еднаш на секои дванаесет години)  тоа е период на напредок и раст.
Јупитер владее со Стрелецот.

Сатурн – влијанието на оваа планета се манифестира како ограничување. Оваа планета е причина за многуте пречки во животот, кои всушност се само лекции кои ќе ни помогнат да созрееме и да напредуваме. Влијанието на Сатурн има за цел да нè научи како да напредуваме и да живееме безбеден и сигурен живот.
Влијанието на оваа планета е најизразено околу 30-та година од животот, кога кај најголем дел од луѓето Сатурн е во истата положба како и во моментот на нивното раѓање, па оттука доаѓа и силното влијание во овој период од животот. Сатурн владее со Јарецот.

Уран – планета на промените, честопати сосема неочекувани. Некои астролози сметаат дека Уран ја претставува бунтовноста и стремежот за издигнување над постоечките норми. Оваа планета владее со Водолијата.

Нептун – планета на илузијата, измамата и имагинацијата. Се смета дека нејзиното влијание е ретко позитивно, бидејќи оваа планета се поврзува со бегството од реалноста, но влијанието на Уран има и позитива страна која води кон спознавање на себеси и сопствената чувствителност. Уран владее со Рибите.

Плутон – планета на надприродното, несвесното, окултното и сексот. Сите духовни нешта се поврзуваат со оваа планета, а кога Плутон ќе се најде во некој хороскопски знак, токму тогаш луѓето родени во тој знак можат да допрат до својата душа. Плутон владее со Шкорпијата.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 4516 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


ПОПУЛАРНО

НА ДЕНЕШЕН ДЕН

16 Септември

16 Септември

Во 2010 година НАСА и Меѓународната астрономска унија го донесоа решението со кое едно од езерата на Сатурновата месечина Титан е именувано во чест на Охридското Езеро.

© 2021 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус