Здравје, Природни лекови

Коријандер – чудо од билка

27 јуни, 08:16

Коријандерот е растение слично на магдоносот, но има поизразен специфичен мирис и вкус.

Најчесто се користи како зачин, токму поради специфичната арома, но она што го прави толку посебен е неговата лековита моќ.

Се препорачува секојдневно конзумирање на свеж коријандер, токму поради неговите лековити својства.

 

Помага при анемија
Коријандерот содржи голема количина на железо, па на оние кои страдаат од анемија им се препорачува во супата или салатата да ставаат по еден грст свеж коријандер.

Го намалува холестеролот и шеќерот во крвта
Благодарение на своите состојки, коријандерот го намалува холестеролот, а одлично се покажува и како лек за дијабетичари. Имено, коријандерот го стимулира лачењето на инсулин и помага за регулирање на шеќерот во крвта.

Го чисти организмот
Коријандерот е како магнет за отровите и тешките метали кои се собираат во организмот. Ова чудесно растение се поврзува со штетните атоми и помага за нивно исфрлање, со што го чисти организмот. Всушност, коријандерот е еден од најдобрите природни начини за чистење на вашиот организам.

Ги штити очите
Чудесната билка содржи витамини и минерали кои ги штитат очите, го забавуваат нивното стареењето и појавата на очни болести.

Постојат уште многу други причини поради кои треба да јадете коријандер.

Ова растение помага при реума и артритис, го освежува здивот и лечи чиреви во устата, помага за лечење на кожни болести, ги ублажува менструалните болки...

Природата е неисцрпен извор на лекови. Посегнете по зелените ароматични стебленца и листови на коријандерот и стекнете навика да се храните здраво.
 

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 9909 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус