Животен стил

Домашен леб од хелда – За здрава кујна мака нема

07 април, 00:10

Предноста на правење на домашен леб е во тоа што го нема она дополнително што го има во лебот што го купуваме, а тоа се додатоците, адитивите кои се ставаат за да биде лебот потраен, да биде ЛАЖНО повкусен и што уште не.

Но тоа е само маска, КАДЕ Е ТУКА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ? ЗОШТО ВАШИТЕ ЦРЕВА НАЛИКУВААТ НА НАПУМПАН БАЛОН? ЗОШТО ПРАЗНЕЊЕТО НА ВАШИТЕ ЦРЕВА НЕ Е РЕДОВНО? ЗОШТО БОЛНИ ХЕМОРОИДИ?

Заради сè ова вреди малку слатко да се помачите и да си направите сами. За кратко време сами ќе се уверите дека ВРЕМЕ НЕ ТРЕБА МНОГУ.. ЛЕСНО СЕ ПРАВИ.. А ЗАДОВОЛСТВОТО ЌЕ ВИ БИДЕ ОД ЗАДОВОЛИТЕЛНО МНОГУ ПОГОРЕ...
 
ЛЕБ ОД ХЕЛДИНО БРАШНО
500 гр. интегрално пченично брашно
500 гр. хелдино брашно
1 кафена лажичка сол
40 гр. свеж квасец
5 дл. млака вода

Во поголем сад го ставате брашното, а потоа во средината го дробите квасецот, солта и малку вода колку да се замеси квасецот. Оставате настрана да нарасне квасецот. Кога ќе почне да нараснува, со додавање на останатата вода се замесува тесто кое треба да го месите со посилни движења зошто тестото ќе биде лепливо.

Во друг сад поросете брашно и ставете го тестото да нарасне околу 1ч. а потоа премесете го тестото и оставете го на топло уште 45 мин. повторно да нарасне. Потоа оформете го тестото во форма на векна и во загреана рерна на 220°Ц печете 20 мин. а потоа намалете ја температурата на 180°Ц и печете уште 35 – 40 мин.

ЛЕБ ОД ХЕЛДИНО БРАШНО СО ОРЕВИ
400 гр. интегрално пченично брашно
400 гр. хелдино брашно
1кафена лажичка сол
40 гр. свеж квасец
400 мл. млака вода
150 гр. сечкани ореви

Овој леб се замесува на ист начин како и обичниот леб од хелда само што при месењето се додаваат и оревите. Печењето е исто така на ист начин 20 мин. на 220°Ц и 35 - 40мин. на 180°Ц.

 


автор: Petrovska Vesna

Оваа вест е прочитана 9874 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

19 април

19 април

Во 1956 година, славната Грејс Кели се повлекла од актерството и стапила во брак со Принцот Рение од Монако.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус