Занимливост, Легенди

Легендата за Божиќното ѕвонче

08 јануари, 00:03

Ѕвончињата, тие прекрасни украси кои секоја година ги красат домовите за новогодишните и божиќните празници, раскажуваат една прекрасна приказна.

Овчарите од Витлеем се упатиле кон шталата каде се родило бебето Исус. Додека толпата се движела, едно слепо момче стоело на страна молејќи ги да го земат со себе и да му го покажат патот. Никој не сакал да му помогне, па момчето останало само. Кога овчарите заминале, а градот потонал во тишина, момчето слушнало звук на ѕвонче и помислило дека можеби звукот ќе го одведе до Исус. Внимателно следејќи го звукот, момчето стигнало до шталата и го поздравило раѓањето на бебето Исус.


автор: Stojkoska Monika

Оваа вест е прочитана 6384 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

20 април

20 април

Во 1950 година е роден Столе Попов, еден од најистакнатите македонски филмски режисери.

© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус