Легенди

Најубавите Велигденски легенди - Легендата за дренката

15 април, 00:02

Многу одамна, во времето на Исус, дренката била огромно и цврсто дрво, слично на дабот.
Поради својата цврстина ова дрво било избрано за крстот на кој бил распнат Исус.

По распнувањето, додека Исус ја гледал тагата на луѓето поради неговото распнување, посакал дренката никогаш повеќе да не расте толку висока и цврста, а од нејзиното стебло никогаш повторно да не се направи крст.


Исус посакал дренката да расте како мало и нежно стебло, со цветови во форма на крст, на врвот на секој цвет да има црвена дамка, а во средината да има круна од трња, па цветот да потсетува на распнувањето, за никогаш да не се заборави.

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 2941 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус