Љубовни совети за врска со Водолија

26 јануари, 03:32

 

 

 

 

 

 

Водолиите се интересни знаци, со сите свои позитивни и негативни страни живеат во свој свет, впрочем како и останатите знаци од зодијакот.

Што сѐ треба да знаете ако сте во врска со Водолија или сте на пат да ја освоите?
 

Не сакаат премногу романтика
Сигурно не постои личност на овој свет која не сака малку романтика, но кога Водолиите се во прашање, бидете внимателни. Не дека воопшто не се романтични, но овие знаци не сакаат преголема доза на романтика, особено не во почетокот на врската или уште полошо, на првиот состанок.

Не влетуваат веднаш во врска
Водолиите се знаци кои сакаат да ги запознаат луѓето околу себе, да се спријателат до одреден степен, па дури потоа да се влезат во врска. Најлесниот пат до нивното срце е токму тој – дајте им малку време и дозволете им да ве запознаат.

Им треба простор
Водолиите се чувствителни, не сакаат да ги притискате и да се чувствуваат како во синџири. Им треба простор во врската, без притисоци, без брзање, едноставно сакаат нештата да се развиваат бавно и спонтано.

Без скриени емоции
Врската со Водолија може да ви успее само ако сте искрени и јасно ги покажете своите чувства. Водолиите сакаат да ги знаат вашите чувства и намери, но внимавајте да не претерате со сентименталности и драматизирање. Овие нешта навистина им сметаат!


Најпосле, без оглед за кој хороскопски знак станува збор, најдобриот пат до нечие срце е преку искреноста, поддршката, љубовта, довербата и разбирањето. Ако овие позитивни квалитети ги развиете кај себе и му ги покажете на партнерот, имате одлични шанси да остварите квалитетна врска.

Не пропуштајте да дознаете како вашиот знак си одговара со Водолијата!

 


автор: Stojanovska Elena

Оваа вест е прочитана 5549 пати.

Коментари [0]

Додади коментар


Безбедносен Код:
Security Image  Освежи

Коментар


НА ДЕНЕШЕН ДЕН

29 Март

29 Март
Во 1943 година е роден познатиот грчки композитор на електронска музика Евангелис Одисеас Папатанасиу или за јавноста познат под уметничкото име Вангелис.
© 2024 МОЈ ПОРТАЛ  Сите права се заштитени.   изработено од Асидус